Од полноќ бензините поскапуват за половина денар. Литар БС 95 ќе се продава за 73,50, а БС 98 за 75,50 денари. Дизелот поевтинува за половина денар и литар ќе се точи за 64 денари.
-
Економија 27.12.2021 12:41
-
Економија 27.12.2021 10:34
Во тек е етапната исплата на декемвриските пензии
Започнува етапната исплата на декемвриските пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот Ковид-19, информираат од Министерството за труд и социјала.
-
Економија 27.12.2021 10:24
Случај „Славија“: Стопирана продажбата на државниот капитал
Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Фатон Асани не ги коментира објавите дека е стопирана аукцијата на државниот капитал во „Славија“.
-
Економија 24.12.2021 16:09
Кризата дополнително ја влоши задолженоста на микро компаниите
Пандемијата и енергетската криза ги влошија финансиските перформанси на домашните компании и притоа најзасегнати се микро компаниите.
-
Економија 24.12.2021 15:02
ЕСМ ќе штеди со праќање работници на принуден одмор, ВМРО-ДПМНЕ со критика
АД ЕСМ праќа работници на принуден одмор. Ќе добиваат плати пониски за 30 проценти. Од компанијата информираат дека ваквата состојба нема да трае повеќе од три месеци и претставува мерка на штедење.
-
Економија 24.12.2021 12:30
ЕСМ праќа работници на принуден одмор
АД ЕСМ праќа работници на принуден одмор. Компанијата соопшти дека воведува мерки на штедење за да ги намали трошоците во услови на енергетска криза.
-
Економија 24.12.2021 10:56
Животот го осигурале над 242.000 граѓани, вложиле 21,5 милиони евра за девет месеци
Вложувањата во животно осигурување во првите девет месеци годинава се зголемени за 12 отсто во споредба со истиот период лани и достигнаа 1,32 милијарди денари (21,5 милиони евра).
-
Економија 23.12.2021 14:30
Ќе се легализираат дивоградби изградени до јануари 2021-ва
Ќе се легализираат објектите градени до 1-ви јануари 2021-ва година. Подготвен е новиот Предлог- закон за бесправно изградените објекти.
-
Економија 23.12.2021 13:31
Можно укинување на евтината дневна тарифа
Од први јануари, освен зголемување на цената на струјата, можно е и укинување на евтината дневна тарифа за домаќинствата и малите потрошувачи.
Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните анализи. Сѐ уште не е познато колку ќе се зголеми цената на струјата.
-
Економија 23.12.2021 09:54
Просечната нето плата во октомври 29.145 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, се зголемила за 4,5%.









