Парите се важни, но не и пресудни. Многу побитни се идејата, визијата на менаџерскиот дух, и одлучноста за да се успее да се отвори свој бизнис кој ќе опстојува и ќе се надоградува.
-
Економија 03.11.2021 15:04
-
Економија 03.11.2021 13:46
Девет компании доставија понуди на јаглен за РЕК Битола
Девет компании се јавија на повторениот повик за набавка на јаглен за третиот блок на РЕК Битола за дополнително производство на електрична енергија наменето за стопанството и државните институции. Понудите ги исполнуваат бараните количини од 900 илјади тони јаглен, информираат од АД ЕСМ.
-
Економија 03.11.2021 13:04
Владата донела уредба за кризна состојба при недостаток од струја
Во саботата Владата донела уредба со критериуми и услови за прогласување кризна енергетска состојба и рестрикции во снабдувањето на потрошувачите.
-
Економија 03.11.2021 10:49
Бројот на исплатени штети зголемен за 15%, осигуреници наплатиле 31,5 милиони евра
Осигуреници наплатија 35.163 штети од осигурителните компании во првите шест месеци годинава. Тоа е за 15 отсто поголем број на исплатени штети за неживотно осигурување во однос на истиот период лани.
-
Економија 03.11.2021 10:02
Утре ќе се знае исходот од тендерот за набавка на јаглен за РЕК Битола
Утре ќе се знае исходот од тендерот за набавка на 900 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола. Вчера заврши рокот за достава на понудите.
-
Економија 02.11.2021 15:39
Занаетчиска комора: Нереално е 18.000 денари минимална плата
Нереално е микро и малите занаетчиски фирми да опстојат и да обезбедат 18.000 денари минимална плата, во време на пандемија и ограничен пазар, реагираат од Занаетчиската комора.
-
Економија 02.11.2021 14:49
Предлог- буџетот за идната година тежи 4,4 милијарди евра
Владата ќе го сервисира долгот следната година со пари од домашни и странски извори, најави министерот за финансии Фатмир Бесими, презентирајќи го денеска пердлог- буџетот за 2022 година. Буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,3 проценти од БДП или 33,5 милијарди денари,односно 544,4 милиони евра.
-
Економија 02.11.2021 14:35
ИКТ- клучен играч во борбата со климатските промени
Компаниите да инвестираат во развојот на зелени дигитални проекти и во еколошко работење, велат експертите. Транспортот, земјоделството и градежништвото се секторите во кои е потребна итна дигитализација. Стопанството треба да обезбеди помала емисија на штетни гасови.
-
Економија 02.11.2021 13:24
Оптимистички најави за следната туристичка сезона
Иако туристичката сезона во 2021-ва беше многу куса, заклучно со август се евидентирани 1,8 милиони ноќевања, а до крајот на годината се очекува таа бројка да достигне помеѓу 2,2 и 2,3 милиони ноќевања.
-
Економија 02.11.2021 11:47
Истече рокот за доставување понуди за јаглен за РЕК Битола
Истече рокот за доставување понуди за испорака на на 900 илјади тони јаглен за потребите на РЕК Битола. Со овој лигнит би се активирал третиот блок на термоцентралата, за да се задоволат потребите на домаќинствата и на компаниите во шпицот на зимската потрошувачка на електрична енергија.










