Ќе се легализираат објектите градени до 1-ви јануари 2021-ва година. Подготвен е новиот Предлог- закон за бесправно изградените објекти.
-
Економија 23.12.2021 14:30
-
Економија 23.12.2021 13:31
Можно укинување на евтината дневна тарифа
Од први јануари, освен зголемување на цената на струјата, можно е и укинување на евтината дневна тарифа за домаќинствата и малите потрошувачи.
Регулаторната комисија за енергетика ги прави последните анализи. Сѐ уште не е познато колку ќе се зголеми цената на струјата.
-
Економија 23.12.2021 09:54
Просечната нето плата во октомври 29.145 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29.145 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, се зголемила за 4,5%.
-
Економија 22.12.2021 16:53
Повластена стапка на ДДВ од 5% при увоз на материјали, бараат градежниците
Воведување на повластена даночна стапка на ДДВ од пет проценти при увозот на градежните материјали сѐ до стабилизација на пазарот на градежни материјали како и итна корекција на цените на договорите за јавни набавки, бараат од Здружението на градежници.
-
Економија 22.12.2021 14:53
ССК: Зголемувањето на минималецот без да се зголеми продуктивноста е чист популизам
Зголемувањето на минималецот на 18 илјади денари без да се зголеми продуктивноста е чист популизам, што ќе предизвика дополнителни трошоци на компаниите, смета Сојузот на стопански комори.
-
Економија 22.12.2021 12:55
Нов закон за вршење сметководствени работи за унапредување на сметководствената професија
Нов Предлог-закон за сметководствени работи со којшто се унапредува сметководствената професија е предложен од страна на Министерството за финансии и истиот вчера е усвоен на владина седница.
-
Економија 22.12.2021 09:53
Субвенции за предадено овошје и зеленчук во преработувачките капацитети
Уште само три дена, односно до 25-ти декември ќе можат да се поднесуваат барања за субвенции за продаденото овошје и зеленчук во преработувачките капацитети.
-
Економија 21.12.2021 15:42
Хотелите солидно ќе се исполнат за новогодишните празници
Иако на почетокот на декември најавите за доаѓање на туристи за новогодишните празници во Охрид беа повеќе од скромни, во последните десеттина дена ситуацијата е драстично променета.
-
Економија 20.12.2021 16:05
Од 1-ви јануари недела ќе биде неработен ден
Од 1-ви јануари наредната година недела ќе биде неработен ден, а оние што ќе мора да работат трудот ќе им биде платен за 50% повеќе, а ќе имаат право и на еднодневен одмор во наредните седум дена.
-
Економија 20.12.2021 14:26
Операторите на мали хидроцентрали не уплатиле во буџетот околу 22,8 милиони денари
Операторите на мали хидроцентрали не уплатиле во буџетот околу 22,8 милиони денари за надоместок на водно право, констатирал државниот ревизор. Биле утврдени пропусти во постапката за издавање на концесии, а и контролата од надлежните институции не била ефикасна.










