За 3,5 денари се намалуваат бензините, а за три денари екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
-
Економија 06.12.2021 14:22
-
Економија 06.12.2021 11:20
Бесими го предаде дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година на претседателот на Собранието
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој Собранието треба да го усвои на пленарна седница најдоцна до 31 декември.
-
Економија 06.12.2021 10:24
Почнува градбата на топловодот до Битола
Напладне почнува градбата на топловодот што ќе ги поврзува РЕК Битола и градот Битола, со околните општини.
-
Економија 05.12.2021 17:36
Не се исклучува можноста да се замрзнат цените и на други продукти
Цените на електричната енергија и директно и индиректно влијаат врз производството и трговијата. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека затоа одлучиле како референтна цена да биде цената што била формирана на 1-ви декември.
-
Економија 03.12.2021 11:02
Ангеловска- Бежоска: Банките со сѐ поголема посветеност на зелените кредити ‒ лани раст од 23%
Климатските промени можат да влијаат врз ценовната и финансиската стабилност, односно врз целите на централните банки. Оттаму, централните банки, особено на најразвиените економии, во изминатиот период им посветуваат сѐ поголемо внимание на зелените финансии.
-
Економија 02.12.2021 14:45
ССК: Да се одложи примената на Законот за управување со отпад
Одложување и измена на Законот за управување со отпад, бара Групацијата на производители и преработувачи на кеси при Сојузот на стопански комори. Посочуваат дека законот е донесен без консултација со приватниот сектор.
-
Економија 01.12.2021 16:25
Зголемувањето на минималната плата ќе предизвика нов бран отпуштања во текстилниот сектор
Од почетокот на пандемијата за само една година над седум илјади лица од текстилниот сектор останаа без работа, ова најсилно се чувствува во Штип, Прилеп и Кочани.
-
Економија 01.12.2021 15:58
Продолжување на енергетската кризна состојба за шест месеци
Владата донесе одлука за продолжување на енергетската кризна состојба за уште шест месеци. Предлог- одлуката ќе биде доставена до Собранието. Целта е да се обезбеди континуитет во снабдувањето со струја за компаниите и домаќинствата.
-
Економија 01.12.2021 14:28
ТЕЦ Неготино ќе започне со производство штом ќе пристигне мазутот
ТЕЦ Неготино ќе започне со производството на електрична енергија најмалку за десетина дена. Ова се најавите кои доаѓаат од раководството на термоцентралата, откако АД „ЕСМ“ го распиша тендерот за набавка на мазут, кој ќе биде отворен в петок.
-
Економија 01.12.2021 11:02
Пад на индустриското производство
Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври лани е намалено за 6,5 отсто. Во периодот јануари – октомври, пак, во споредба со минатата година е поголемо за 1,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.








