За Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021-ва година обезбедени се милијарда 516 милиони денари и со него ќе бидат опфатени 10.279 лица, информира денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.
-
Економија 03.03.2021 14:19
-
Економија 03.03.2021 11:57
Запишување на нови земјоделски стопанства до 15-ти март
До 15-ти март оваа година новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми доколку сакаат да добијат субвенции од државта ќе мора да се запишат и да се евидентираат во Регистарот за земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство.
-
Економија 02.03.2021 15:53
За субвенционирање на платите за февруари компаниите може да аплицираат во текот на март
Компаниите ќе можат да аплицираат за финансиската поддршка за плати цел март наместо до десетти во месецот. Вицепремиерот Битиќи посочува дека оваа измена е направена поради состојбите во Собранието, каде законот сѐ уште не се најде на дневен ред .
-
Економија 02.03.2021 15:33
Се бира изведувач на секундарната гасоводна мрежа
До крајот на годината магистралните гасовидни краци од Неготино кон Битола и Гостивар ќе бидат завршени, а Министерството за економија веќе работи на избор на фирма која по пат на јавно-приватно партнерство ќе ги гасифицира општините. Интерес за сега пројавиле неколку компании од Турција.
-
Економија 02.03.2021 12:12
Најмногу слободни работни места во преработувачката индустрија
Во последниот квартал од минатата година стапката на слободни работни места изнесува 1,57 отсто, објави Државниот завод за статистика.
-
Економија 01.03.2021 15:14
Платниот промет во Пошта повторно функционира, провизијата изнесува 35 денари
Во 35 филијали на поштата почна повторно да функционира платниот промет. Веќе од следата недела, сметки и други плаќања во готово ќе се вршат во сите експозитури. Провизијата ќе чини 35 денари по трансакција за плаќање сметки и други режиски трошоци.
-
Економија 01.03.2021 14:50
Организаторите на настани бараат поддршка од Владата
Паркирани комбиња пред Владата, затворени кутии со према за озвучување, осветлување, снимање, преведување. Асоцијацијата за организирање настани веќе една година мирува, има забрана за работа и не организира настани. Велат дека не се препознаени од државата и немаат никаква помош.
-
Економија 01.03.2021 12:19
Македонска пошта почна со платниот промет
Во одделни подружници на Македонска пошта од денес граѓаните повторно можат да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.
-
Економија 28.02.2021 16:15
Откуп на тутун до 31-ви март за да се докупат уште 1.500 тони
Ќе се пролонгира откупот на тутунот до 31-ви март за да се докупат уште 1.500 тони, а наредната недела ќе се знае кој ќе го преземе вишокот, им рече министерот за земјоделство Хоџа на тутунарите на денешната средба во Прилеп. Компаниите веќе купија 2.500 тони вишок.
-
Економија 26.02.2021 14:41
Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта
Од понеделник започнува функционирањето на платниот промет во Македонска пошта преку кој граѓаните ќе можат повторно да ги плаќаат своите сметки и да вршат други плаќања во готово.








