Владата потсетува дека граѓаните, кои ќе добијат 6.000 денари еднократна поддршка, може да ја користат во кој било период без рокови и ограничувања. Станува збор, како што наведуваат во соопштение, за околу 300.000 граѓани кои средствата ќе ги добијат на трансакциска сметка.
-
Економија 21.12.2020 14:33
-
Економија 21.12.2020 13:22
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,34 отсто.
-
Економија 21.12.2020 09:33
Собранието го изгласа буџетот за 2021 година
Пратениците во Собранието доцна синоќа со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, го изгласаа Буџетот за 2021 година. Собранието го донесе и Законот за извршување на Буџетот. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алијанса за Албанците и Алтернатива.
-
Економија 18.12.2020 16:22
Независната угостителска комора со иницијатива до Уставниот суд
Независната угостителска комора поднесе иницијатива пред Уставниот суд за да ја оспори мерката на Владата да забрани да се организираат новогодишни прослави во рестораните и кафулињата. Од таму велат дека ќе ги почитуваат владините мерки, но бараат да бидат обесштетени.
-
Економија 18.12.2020 15:27
Пазарниот инспекторат затворил четири објекти во Скопје
Државниот пазарен инспекторат во главниот град затворил четири објекти. Угостителите во три објекти биле фатени како работат и по дозволеното работно време. Во јога студио имало повеќе присутни од дозволеното. На едно место кон инспекторите биле упатени и навреди.
-
Економија 18.12.2020 10:55
Трет ден собраниска дебата за дополнетиот предлог- буџет за 2021
Во Собранието денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот предлог- буџет за 2021 година. Ова е трет ден. Расправата на пленарна седница трае најмногу пет работни дена, по што се гласа по предлогот.
-
Економија 17.12.2020 16:44
Српските агенции го нудат Охрид за Новогодишните празници со забави во угостителски објекти
Познати српски агенции на големо го нудат Охрид за дочек на 2021 година по дисконт цени. Скандалозно е тоа што во програмата на петдневното патување со автобус се нуди богата забава и журки во угостителски објекти.
-
Економија 17.12.2020 10:16
Продолжува расправата по дополнетиот предлог- буџет за 2021
Во Собранието денеска треба да продолжи расправата по дополнетиот предлог буџет за 2021 година. Ова е втор ден. Расправата на пленарна седница трае најмногу пет работни дена, по што се гласа по предлогот.
-
Економија 16.12.2020 16:55
Собраниска расправа за Предлог- буџетот за 2021 година
Буџетот е фокусиран на добро менаџирање на јавните трошоци за да се одговори на секој предизвик кој што ќе доаѓа од ковид-пандемијата, министерот за финансии Бесими за предлог-државната каса за 2021 година која е на пленарна седница. Од 528 поднесени амандмани дополнет е со 18.
-
Економија 16.12.2020 15:37
Се прават анализи за нови мерки за поддршка на најпогодените сектори
Се прават анализи за нови мерки и поддршка за погодените сектори од ковид- кризата и за наредната година, велат од Министерството за економија.










