До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.
Органските фармери, може да аплицираат за субвенции за преработка и пакување на органските производи.
До 25-ти декември трае рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за органските преработки и за нивната продажба.
Органските фармери, може да аплицираат за субвенции за преработка и пакување на органските производи.
Евидентирани 60 ресторани и 150 хотели, а на туристичкиот пазар се нудат над 500. Ваква е сликата во македонското хотелиерство, децидни се од Здружението за угостителство и туризам.
Значително поевтинување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени. Бензините поевтини за 1,5, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2,5 денари за литар.
До крајот на годинава земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти и фарми на градежно земјиште. Со измените на законот, рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Барањата треба да се поднесат во општините на живеење.
Во 2019-та ќе има 36 насто повеќе средства за финансиска поддршка на македонските компании. Годинава тоа го искористиле 100 фирми, а поддршката е за оние кои инвестираат, најави вицепремиерот Кочо Анѓушев, при денешната посета на Прилеп.
Само 50 проценти од граѓаните досега се регистрирале во електронскиот систем за персонален данок. УЈП укажува дека остануваат уште 20-ина дена до кога треба да пристигнат уште 400 илјади пријави. Од обврската се ослободени пензионерите.
Сивата економија го уништува еснафот. Од 5.000 регистрирани занаетчии во Скопје, речиси двојно е поголем бројот на оние кои работат на црно. Комората бара засилени инспекциски контроли. Штета трпи и еснафот и буџетот.
Корисници се правните лица регистрирани за преработка на земјоделски производи кои со склучен договор извршиле откуп на пченица од реколта 2018 година од домашно производство.
Експертите, бизнисот и научната фела во Собранието ги спротивставија ставовите за даночната реформа и воведувањето прогресивен данок за оние со високи примања.
Три проценти раст на бруто- домашниот производ во третиот квартал годинава, објави Државниот завод за статистика. Извозот расте побрзо од увозот, има позитива кај финалната потрошувачка, но пад од 8,5 проценти кај бруто- инвестициите, потоа кај земјоделството и градежништвото.