Цената на бензините и неделава останува непроменета, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата.
-
Економија 02.12.2019 14:02
-
Економија 02.12.2019 13:18
АЕК: Бројот на жалби драстично намален
Поплаки за квалитетот на мрежата, за пристапот до интернет, за високи сметки- ова се најчестите забелешки на граѓаните за услугите што го добиваат од операторите. Пред камерата на МТВ велат оти ситуацијата се подобрува, но сѐ уште се соочуваат со проблеми.
-
Економија 02.12.2019 11:22
Преку МојДДВ #МојаНаграда 3.852 парични награди, од кои две премии по 50.000 евра
Вкупно 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра ќе се доделуваат од 15 декември, со скенирање на фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ.
-
Економија 02.12.2019 10:43
Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2020
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи расправата за амандамните на Предлог-буџетот за следната година. Ова е петто продолжение на седницата, која треба да заврши до крајот на неделава.
-
Економија 29.11.2019 22:46
Енергетската стратегија предвидува инвестиции меѓу 8 и 17,5 милијарди евра до 2040-та
Истражувањата и анализите на Центарот за енергетика и одржлив развој на МАНУ и на консултантите на „Прајс вотерхаус куперс“ покажале дека за реализирање на некое од трите сценарија во Стратегијата за енергетика ќе бидат потребни инвестиции меѓу 8 и 17,5 милијарди евра во енергетскиот сектор во на
-
Економија 29.11.2019 10:13
Градежната комора и Институтот за земјотресно инженерство ќе информираат за квалитетот на градбите
Градежната комора при Сојузот на стопански комори и Институтот за земјотресно инженерство денеска ќе информираат за квалитетот и сигурноста на градбите во земјава, за важноста од висококвалитетни градежни материјали и за стабилноста и сеизмичката заштита на градбите.
-
Економија 28.11.2019 18:03
Вработените итно бараат избор на главен државен ревизор
Доколку набрзо не се избере главен државен ревизор, де факто се доведува во прашање законското функционирање на Државниот завод за ревизија и ќе престане да работи, порачаа вработените во оваа институција која година и 11 месеци функционира без директор, а во меѓувреме истекол и мандатот на него
-
Економија 28.11.2019 15:14
25% од вработените ќе добијат повисоки плати преку субвенционирање на придонесите
Се очекува околу 25 проценти од вработените во приватниот сектор да добијат повисоки плати со мерката за субвенционирање на придонесите. Финансиската поддршка од државата ќе важи за покачување на платите од 600 до 6 илјади денари.
-
Економија 28.11.2019 14:22
Потпишан договор за фотонапонска електрана „Осломеј“
Термоелектраната „Осломеј“ ќе произведува чиста енергија. Потпишан е договор со турската компанија „Гиришим Електрик“, која победи на меѓународниот тендер за изградба на фотонапонска централа со инсталирана моќност од 10 мегавати. Првите количества струја се очекува да протечат наесен в година.
-
Економија 28.11.2019 13:35
Раст од 4,2 % на индустриското производство во октомври
Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври минатата година е зголемено за 4,2 проценти, додека во периодот јануари- октомври, споредено со истиот период лани бележи раст од 5,4 проценти, покажуваат последните податоци на Држаниот завод





