Поевтинува парното греење. Од први август за потрошувачите на БЕГ пониски сметки за 3,1 насто, за корисниците на услугите на Скопје- Север за потрошена топлинска енергија намалување за 0,76 насто, а за оние на ЕЛЕМ Енергетика за 1,13 проценти.
-
Економија 30.07.2018 16:18
-
Економија 30.07.2018 13:58
Индустриското производство во јуни поголемо за 12,1 проценти
Индустриското производство во јуни годинава, во однос на јуни лани е поголемо за 12,1 насто. Во периодот јануари- јуни 2018-та, пак, во споредба со истиот период минатата година, има пораст од пет проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
-
Економија 30.07.2018 10:24
Регулаторната комисија ќе објави нови цени на топлинската енергија
Регулаторната комисија за енергетика за денеска најави информација за новите цени на топлинската енергија.
-
Економија 30.07.2018 09:40
72 капитални инвестиции за една година
Градинка, јавни објекти, водоводна мрежа, локални патишта- се дел од капиталните инвестиции реализирани лани, преку Проектот за подобрување на општински услуги, информираа од Министерството за финансии.
-
Економија 25.07.2018 17:28
„Мурат Тиџарет“ ја почна инвестицијата во Македонија
Турската компанија „Мурат Тиџарет“ почна да ја гради фабриката во индустриската зона во Бунарџик. Менаџментот најави, инвестицијата ќе тежи седум милиони евра.
-
Економија 25.07.2018 17:25
Поддршка има, проекти за рурален туризам нема
За три години, ниту денар не бил искористен за проекти за рурален туризам, иако на располагање е ставена финансиска поддршка пет милиони денари преку Министерството за економија.
-
Економија 06.07.2018 15:20
Македонија- атрактивна дестинација за турските бизнисмени
Македонија е вистинска дестинација за сите инвеститори, особено за турските, затоа што нуди атрактивен економски амбиент, квалификувана работна рака и поддршка за креирањето нови работни места, изјави министерот Аднан Ќахил во обраќањето пред Македонско - турската стопанска комора и делегацијата
-
Економија 06.07.2018 14:39
Поголем приход патарини, наскоро стартува електронската наплата
Електронскиот систем за наплата на патарина на Коридорот 10 е во фаза на тестирање, за 10-тина дена се очекува да биде пуштен во употреба, велат од Јавното претријатие државни патишта. На наплатните станици, Сопот, Отовица и Романовце веќе се врши и наплата со специјална картичка.
-
Економија 06.07.2018 10:31
Финансиска поддршка за изградба на патишта до обработливите површини
Министерството за земјоделство планира да финансира проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја со интензивно земјоделско производство.
-
Економија 05.07.2018 15:43
Потрошувачите да се едуцираат за своите права
„Внимавајте на куклите што зборуваат. Ве шпиунираат“, предупредуваат од Европа и од Организацијата на потрошувачи на Македонија. Од Агенцијата за храна и ветеринарство, пак, велат- да се вратат купените златни лажици преку фирмата „Веропулос“ кои содржат опасни материи за здравјето.








