• Економија 28.05.2018 13:29

    Бензините и дизелот поскапуваат за два денари

    Ново поскапување на горивата од полноќ. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека цената на бензините, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 2 денара, а нешто повисока цена ќе има и мазутот.

  • Економија 28.05.2018 11:11

    НБРМ: 1,8 милиони платежни картички во земјава

    Централната банка соопшти дека во земјава на крајот на минатата година, циркулирале 1 милион и 800 илјади платежни картички. Бројот на контактно-бесконтактни картички се зголемил речиси двојно и во вкупниот број картички учествува со над 27 насто.

  • Економија 25.05.2018 09:11

    Тевдовски и Ангеловска- Бежоска во работна посета на Брисел

    Министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска – Бежоска престојуваат во работна посета на Брисел.

  • Економија 23.05.2018 15:51

    Нова фабрика за производство на фотоволтаични панели

    Почна да работи првата фабрика за изработка на фотоволтаични соларни и термални панели. Домашна инвестиција на 1.500 квадрати со годишен капацитет од 20 мегавати производство на монокристални и поликристални соларни модули.

  • Економија 23.05.2018 15:05

    „Минстрој“ тврди дека има подобар план за „Фени“

    Бугарски „Минстрој“ бара „Фени“ да оди на аукција. Нуди целосен откуп на побарувањата  на сите доверители на комбинатот, 30 милиоини евра за инвестиции во ремонт и обнова на двете печки, повторно отвoрање на рудникот „Ржаново“, 300 нови вработувања. За тоа ќе понудат банкарски гаранции.

  • Економија 23.05.2018 14:39

    Намалени инвестициите во градежниот сектор

    Инвестициите во градежниот сектор се намалуваат, предупреди ресорната комора при ССК. Оттаму посочуваат дека во март годинава се издадени за 45,1 процент помалку одобренија за градба во однос на истиот месец лани.

  • Економија 23.05.2018 10:35

    Продолжен рокот за поднесување барања за субвенции

    По барање на сточарите и на лозарите рокот за поднесувањ барања за субвенции наместо до 16-ти мај, е продолжен до 12-ти јуни 2018-та година.

  • Економија 22.05.2018 16:27

    Од ноември рестартирање на „Југохром“

    За 4- 5 месеци ќе проработи комбинатот „Југохром- Алзар“ од Јегуновце, а услов е пред тоа да биде изградена и ставена во целосна функција филтер станицата. Двете печки ќе ги задоволуваат најстрогите еколошки стандарди, односно комбинатот ќе добие интегрирана А- еколошка дозвола за работа.

  • Економија 22.05.2018 16:06

    ЕЛЕМ бара да поевтини струјата

    Менаџерскиот тим на Електрани на Македонија со барање до Регулаторната комисија цената на електричната енергија по мегачас да поевтини за 0,6 евра. Причина за ваквиот потег е постигнатата поевтина произведна цена од 1,5 проценти.

  • Економија 22.05.2018 15:12

    Ангеловска- Бежоска ја презеде функцијата, Богов со отчет за сработеното

    Со многу емоции, со голема благодарност до тимот и соработниците, по седум години менаџирање со монетраната власт Димитар Богов замина од Централната банка. Фунцијата ја предаде на Анита Ангеловска Бежоска- новиот гувернер на Народната Банка.

Pages