Завршена е проектната документација за најкомплицираниот дел од Коридорот 8, железничката делница Крива Паланка- Деве Баир. Тендерската постапка може веднаш да започне- потврди европскиот преставник Никола Бертолини.
-
Економија 21.02.2018 14:26
-
Економија 21.02.2018 13:25
Директна авиолинија Варшава- Скопје од 1- ви јуни
Скопје и Варшава од 1 јуни годинава ќе бидат поврзани со директна авионска линија, соопштуваат од ТАВ Македонија и ЛОТ Полиш ерлајнс.
-
Економија 21.02.2018 10:25
Финансиска поддршка за одгледување добиток
Сточарите кои одгледуваат крави ќе добијат по 2.800 денари за животно. Дополнително можат да побараат субвенција од 1.500 денари за женски глави добиток не постари од 12 до 24 месеци до октомври 2018-та година и кои не произведуваат млеко.
-
Економија 20.02.2018 16:12
Клуб на експерти: Ќе се извезуваат стручност и знаења
Бизнис заедницата формира клуб на консултанти и екперти. Организирано ќе извезува стручност и знаења за развој на меѓународни проекти.
-
Економија 20.02.2018 15:15
Европски пари за мали системи за наводнување
Со 1,7 милиони евра, поддршка од Брисел ќе се градат мали системи за наводнување во Македонија. Локациите сè уште не се утврдени, но ќе се постават на осум места на површина од 300 хектари.
-
Економија 20.02.2018 14:52
Нагада за Арсовска на Светскиот инвестициски форум на бизнис- ангели
Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска наградена на Светскиот инвестициски форум на бизнис- ангели во Истанбул. Таа го понесе признанието за најдобар пример за бизнис- жена во Југоисточна Европа.
-
Економија 20.02.2018 14:45
АХВ: Македонија во 2021-ва станува извозник на свињи и свинско месо
Македонија да стекне статус на земја слободна од заразната болест- класична чума кај свињите и до 2021-ва година да почне да извезува свежо месо. Агенцијата за храна и ветеринарство го претстави планот.
-
Економија 20.02.2018 10:22
Мерки за поддршка на градинарството
Градинарите кои произведуваат зеленчук на отворено и во пластеници на најмалку 0,2 хектари имаат право на субвенција од 30.000, а 36.000 за површини од 0,7 до 5 хектари. За лубеници, дињи и тикви ќе се добиваат по 6.000 денари.
-
Економија 19.02.2018 16:37
„ВИК“ доби државна помош, ќе произведува кафемати во Прилеп
Германската компанија за електрични апарати „ВИК“ го парафираше договорот со Владата за државна помош. Во инвестицијата тешка шест милиони евра во прилепската развојна зона, ќе произведува кафемати 10 години ослободена од плаќање персонален данок, данок на доход, ДДВ при увоз и царински давачки.
-
Економија 19.02.2018 13:16
Годишните сметки ќе се примаат и во сабота
Централниот регистар соопшти дека и во сабота на 24-ти февруари од 8 до 16 часот ќе врши прием на годишни сметки и финансиски извештаи за 2017-та година во сите градови, освен во Кратово, Крушево и Демир Хисар.










