Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и на Еуродизелот од полноќ се зголемуваат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 66,5 денари за литар, а на Еуродизелот 53 денари. Цена на Еуросуперот БС-98 останува иста.










