• Економија 03.06.2016 16:35

    Со обновливи извори до намален увоз на енергија

    Македонија ќе се ослободи од увоз на електрична енергија, и значитечно ќе го намали загадувањето на животната средина, ако ја замени со обновливи извори на енергија – велат експертите.

  • Економија 03.06.2016 16:03

    Половина од автопатот Кичево- Охрид ќе биде изграден до крајот на годинава

    До крајот од годинава ќе бидат завршени 50% од градежните работи на новиот автопат Кичево- Охрид. Досега се пробиени 80% од трасата, а во моментот се работи на пробивање на тунелот кај Пресека, кој ќе биде најголем во државата со должина од два километри.

  • Економија 03.06.2016 15:30

    Исплатата на земјоделските субвенции продолжува од следната недела

    Задоцнетите субвенции наскоро ќе бидат исплатени, велат надлежните.  Од понеделник ќе почне постапката, која поради распишување на изборите беше запрена. Од платежната Агенција за финансиска поддршка на земјоделство, информираат дека е во тек оглас за субвенции.

  • Економија 03.06.2016 15:25

    Побарувачката на девизи ги намали резервите

    За речиси 72,5 милиони евра се намалени девизините резерви во април, објави во последниот извештај Народната банка. Причина се интервенциите во времето на големата побарувачка за девизи за да се зачува стабилноста на девизниот курс.

  • Економија 02.06.2016 16:01

    Либански бизнисмени заинтересирани за деловна соработка со Македонија

    Поттикнување на извозот и услугите во двете земји, економска соработка во делот на недвижностите, угостителството и туризмот, алтернативните извори на енергија, прехранбените производи, аграрот. Либанскиот бизнис- сектор заинтересиран за трговија и извоз со македонските партнери.

  • Економија 02.06.2016 13:12

    Винска рута- можност за економски развој

    Со потпишувањето на договорот за културни патеки, Македонија ќе стане регионален лидер во „Винската патека“. Тоа ќе значи дека името на земјава ќе се позиционира во светски рамки во однос на производство на автохтони вински сорти и негувањето на винската култура.

  • Економија 02.06.2016 10:23

    Иднината на земјоделството е во воведувањето иновации

    Најнови еколошки начини за заштита на посевите од болести, иновации за наводнување, евтини трактори со џи-пи-ес и тестови за болести кај добиток што секој фармер може да си ги дозволи, ова се само дел од иновациите во земјоделството што беа претставени на самитот во Вашингтон.

  • Економија 02.06.2016 08:32

    Македонско-либански деловни средби

    Македонско-либански деловни средби организираат денеска Стопанската комора на Македонија и Либанско-македонскиот совет на бизнисмени во Република Либан.

  • Економија 01.06.2016 17:06

    Фондот за иновации со нов повик за грантови

    Сите претпријатија кои имаат иновативни идеи, чиј предизвик е технолошкиот развој ќе можат да аплицираат во Фондот за иновации. Утре ќе биде објавен трет јавен повик за финасирање проекти. 450.000 евра обезбедени за овој проект ќе бидат поделени на 15  претпријатија.
  • Економија 01.06.2016 16:51

    Во политичка криза- раст на животното осигурување

    Граѓаните во Македонија се повеќе практикуваат- се осигуруваш и штедиш. Политичката криза го зголеми интересот за животното осигурување, петта година по ред компаниите бележат двоцифрени стапки на раст, велат- и во првиот квартал од 2016-та бруто пласираната премија се зголемува.

Pages