САД и Јапонија потпишаа договор за ретки минерали, најавувајќи „златно доба“ за сојузот меѓу двете земји. Договорот е одговор на извозните контроли на Кина која го користи својот монопол на ретки минерали во трговската војна со САД.
Вести
-
Свет 28.10.2025 10:19
-
Македонија 28.10.2025 10:02
Убиство на сопствениот брат од користољубие, поднесено обвинение во Кавадарци
По спроведената истрага, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лицеза кривично дело-Убиство од член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик.
-
Македонија 28.10.2025 09:48
Отворен ден на Клиниката за неврологија, бесплатен доплер на каротидни артерии
Бесплатен доплер на каротидни артерии за сите заинтересирани граѓани, без потреба од упат, ќе се врши денеска од 10 до 12 часот на Универзитетската клиниката за неврологија, во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар.
-
Култура 28.10.2025 09:26
Македонската филхармонија вечерва со настап во „Музикферајн“ во Виена
Македонската филхармонија вечерва ќе одржи концерт во „Златната сала“ на прочуената виенска концертна куќа „Музикферајн“ – домот на Виенската филхармонија и сцената на која традиционално се одржува најпознатиот Новогодишен концерт во светот.
-
Свет 28.10.2025 09:08
Силен земјотрес во Турција, најмалку 19 лица повредени
Најмалку 19 луѓе се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер што ја погоди западна Турција во близина на градот Синдирги.
Според првичните информации, нема загинати, но урнати се три згради и продавница. Потресот бил почувствуван во Истанбул и во делови од Грција.
-
Македонија 28.10.2025 08:58
ДИК денеска ќе ги објави конечните резултати од првиот круг од локалните избори
Државната изборна комисија денеска ќе ги објави конечните резултати од првиот круг од локалните избори.
На продолжението на 150 седница, ДИК ќе ги објави резултатите за сите општини по завршувањето на постапката по тужбите поднесени пред Управниот суд.
-
Економија 28.10.2025 08:48
Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
Скопје од денеска е домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“.
-
Свет 28.10.2025 08:37
Жестоки борби во Покровск
Руските сили ја концентрираа офанзивата кон источниот украински град Покровск, каде се водат жестоки борби.
-
Македонија 28.10.2025 08:30
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 28.10.2025 08:23
Партиите имаат уште четири дена за претставување на кандидатите
Партиите имаат уште четири дена за претставување на кандидатите за градоначалници и членови на советите во општините за обезбедување поддршка во вториот круг на локалните избори. Се очекуваат и одлуки за коалициите за гласањето в недела на 2 ноември.








