43 општини добија градоначалник во првиот круг на локалните избори. Втор круг ќе има во 33. Најмногу градоначалнички места освои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата-33. СДСМ победи во 3, ВРЕДИ во 4 локални самоуправи, а Националната алијанса за интеграција во 3.
Вести
-
Македонија 21.10.2025 10:44
-
Култура 21.10.2025 10:35
„Трио Академико“ со концерт во Истанбул
Во организација на македонскиот Културно – информативен центар во Истанбул, на 22 октомври (среда) со почеток во 19 часот, во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој ќе се одржи концерт на реномираниот македонски ансамбл „Трио Академико“.
-
Македонија 21.10.2025 10:00
Томас Вајц очекува уставни измени по локалните избори
Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц се надева дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот устав, заради откочување на евроинтеграциите.
-
Свет 21.10.2025 09:44
Трамп скептичен дека Киев ќе ја добие војната
Додека Москва и Вашингтон го подготвуваат теренот за можна средба Трамп-Путин во Будимпешта, шефот на Белата куќа скептичен дека Украина ќе ја добие војната и ќе ги поврати териториите освоени од Русија.
-
Македонија 21.10.2025 09:25
46,63 излезност во првиот круг на локалните избори, соопшти ДИК
46,63 проценти односно 854.620 од оние што имаат право на глас ја исполниле својата граѓанска должност на изборите во недела. 43 општини во првиот круг добија градоначалник и совет, соопштија од Државната изборна комисија откако ги добиле сите материјали од избирачките места.
-
Свет 21.10.2025 09:05
Кревко примирје во Газа, Венс во Израел
Кревкото примирје во Газа продолжува. Хамас му предаде уште едно тело на Израел, додека хуманитарната помош непречено се дистрибуира. По израелските напади викендов, во регионот пристигнува и американскиот потпретседател Венс на средба со Нетанјаху.
-
Македонија 21.10.2025 08:48
Интервјуирање на кандидатите за судија во Стразбур
11 кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, беа интервјуирани пред Kомисијата за избор. Испрашувањето беше на англиски и француски јазик, процесот го следеа и невладини организации. Шанса да ја продолжат постапката ќе имаат само тројца кандидати.
-
Македонија 21.10.2025 08:45
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 21.10.2025 08:40
ДИК: Во првиот круг избрани градоначалници во 43 општини
Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати. Во првиот круг од гласањето, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 33 градоначалници. СДСМ победи во 3 општини, „Вреди“ во 4, а Национална алијанса за интеграција во 3.
-
Македонија 21.10.2025 08:28
Премиерот Мицкоски ќе учествува на Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес
Премиерот Христијан Мицкоски ја предводи владината делегација на Самитот за Западен Балкан, кој се одржува во Лондон.









