Вести

  • Македонија 11.10.2025 14:57

    Зголемен број случаи на врсничко насилство

    Зголемен број на случаи на врсничкото насилство во Охрид. Последниот, во кој тројца малолетници му нанесоа телесни повреди на соученик во близина на училиштето го вклучи алармот. Психолозите велат, булингот се јавува во сите форми, психолошко, физичко, и сајбер насилство.

  • Македонија 11.10.2025 14:10

    Доделени наградите „11 Октомври“

    Во Собранието доделена државната награда „11 Октомври“ за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството.

    Известува Марина Стојанова- Тонева.

  • Македонија 11.10.2025 14:03

    Мицкоски: Македонија оди по вистинската патека

    Денес, кога ја славиме храброста на нашите предци, нека знаат и нашите потомци – Македонија оди по вистинската патека.

  • Македонија 11.10.2025 13:26

    Огревното дрво и оваа зима прв избор за затоплување

    Со падот на температурите граѓаните веќе започнаа со затоплување на своите домови и пред официјалниот почеток на грејната сезона. Дрва, пелети, струја. Изборот за начинот на греење се сведува на економската исплатливост пред сè, но и на навиките на граѓаните.

  • Свет 11.10.2025 13:02

    Се почитува примирјето во Газа

    Израел и Хамас го почитуваат договореното-примирјето продолжува додека израелските сили постепено се повлекуваат од енклавата, а илјадници Палестинци се враќаат во урнатините на северна Газа. ОН добија зелено светло за доставување хуманитарна помош почнувајќи од утре.

  • Свет 11.10.2025 12:45

    Трамп најави нови царини за производи од Кина

    Американскиот претседател Трамп најави нови царини од 100 насто на кинеските стоки, покрај постоечките 30%, почнувајќи од 1 ноември.

    Новата ескалирачка мерка по месеци трговско примирје меѓу двете земји следува по одлуката на Кина да го ограничи извозот на ретки метали.

  • Култура 11.10.2025 12:21

    „Печалбари“ на сцената на авангардниот КПГТ во Белград

    Во драмата „Печалбари“ на Антон Панов, на сцената на авангардниот КПГТ (Казалиште-Позориште-Гледалиште-Театар) во Белград, во режија на Љубиша Ристиќ, преку невралгичната точка на македонскиот геном – печалбата, ја осветлува универзалната тема – љубовта.

  • Свет 11.10.2025 11:44

    Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер

    Францускиот претседател Макрон повторно го назначи Себастијан Лекорну за премиер, и покрај неговата оставка и најавите дека ја завршил својата мисија.

  • Македонија 11.10.2025 11:15

    Доделување на државната награда „11 Октомври“

    Во Собранието денеска ќе биде доделена државната награда „11 Октомври“ за 2025 година за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

  • Свет 11.10.2025 10:52

    Разорна експлозија во фабрика во Тенеси

    Најмалку 19 лица се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви, откако во силна експлозија била срамнета со земја фабрика за експлозиви во руралниот дел на Тенеси.

Pages