Ветувања за нови проекти, идеи, обвинувања. Осми ден од кампањата за локалните избори. Се вжештува реториката, изборните карвани во трка по довербата на граѓаните.
Вести
-
Македонија 06.10.2025 08:07
-
Македонија 06.10.2025 08:06
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
-
Македонија 05.10.2025 18:17
Активности на коалицијата „Искуство за успех“
Претставувам визионерски план за пренамена на ГТЦ, симбол на Скопје во ново седиште на градската администрација и во современ хаб за младите и културата, вели кандидатот за градоначалник на Скопје од „Искуство за успех“, Александар Трајановски.
-
Македонија 05.10.2025 17:55
Активности на кандидатот за Чаир од НАИ, Бујар Османи
Потребно е да го вратиме достоинството на наставникот и да донесеме промени во образованието, рече Бујар Османи, кандидат за градоначалник на Чаир од Националната алијанса за интеграција.
-
Македонија 05.10.2025 17:31
ЗНАМ со активности во Центар и Куманово
Обнова на објекти и фасади за поубав и пофункционален Центар ветува кандидатот за градоначалник од движењето ЗНАМ. Модерен центар ќе биде пример за урбан развој, кој ќе ја спои естетиката со енергетската ефикасност рече Лабудовиќ.
-
Македонија 05.10.2025 17:12
„Вреди“ со нови ветувања за Чаир и Тетово
„Чаир има голем потенцијал и треба да се искористи“, рече кандидатот за градоначалник од „Вреди“, Изет Меџити, кој го претстави мастер планот за општината.
-
Македонија 05.10.2025 16:50
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на митинг во Ѓорче Петров и Куманово
„Црвените линии се тројански коњ и ново попуштање пред барањата на нашиот источен сосед. Нема да се дозволи на грбот на националните и државни интереси, СДСМ и Филипче да градат политички кариери“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Куманово.
-
Македонија 05.10.2025 16:33
Левица ја претстави својата програма пред граѓаните во Охрид и Струга
Левица на средби со граѓани ја претстави својата програма во Охрид и Струга. Велат граѓаните заслужуваат чесна и транспарентна власт која ќе работи за нивните реални потреби.
-
Македонија 05.10.2025 16:01
СДСМ и коалицијата одржаа митинг во Велес
СДСМ изминатиот период поднел пет иницијативи за покачување на платите и на минималната и на просечната. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги одбила сите, бидејќи им бил поважен крупниот капитал, отколку работникот. Ова го кажа лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче на изборниот митинг одржана во Велес.
-
Македонија 05.10.2025 15:05
Политичките аналитичари со оценка за кампањата
Повеќе да се зборува за конкретни локални проекти, а помалку за национални теми и црна кампања, препорака на дел од експертите, на една недела од почетокот на предизборната кампања во Македонија.









