Денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел-дискусија на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“.
Денеска министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе учествува на панел-дискусија на тема „Образование на иднината: градење лидери, мислители и иноватори“.
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и Законодавно-правната комисија.
Во скопскиот Кривичен суд ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Максималната казна е 20 години затвор.
Променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.
„Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот.
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше на панел-дискусијата „Дигитални политики и иновации за економија подготвена за иднината“, во рамки на Самитот 2025 кој е во организација на Македонија 2025.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери, земјите од Западен Балкан, Турција, Грузија, Молдавија и Украина.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(43) од Куманово и М.И.(41) од с. Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Одлична средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард.
Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, поддршката за европската интеграција, економските можности, како и актуелните безбедносни и политички предизвици во регионот и Европа.