Истрагата за пожарот во кочанската дискотека мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни, уверува државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Посочува дека на овој тежок и комплексен случај со 62 жртви работат 13 јавни обвинители.
Вести
-
Македонија 01.05.2025 08:50
-
Свет 01.05.2025 08:47
Со протестни маршеви низ светот се одбележува Меѓународниот ден на трудот
Со протестни маршеви низ светот се одбележува 1-мај Меѓународниот ден на трудот во спомен на успехот на работниците и подигнување на свеста за нивните права.
-
Свет 01.05.2025 08:39
САД и Украина го потпишаа договорот за ретки минерали
По неколкумесечни тензии и преговори, САД и Украина го потпишаа договорот за ретки минерали што ќе му даде на Вашингтон пристап до природните ресурси на Киев во замена за американската помош во одбивањето на руската инвазија.
-
Свет 01.05.2025 08:29
Американската економија првпат по три години бележи пад од 0,3 проценти
Американската економија првпат по три години бележи пад од 0,3 насто што е остро намалување по порастот од 2,4 проценти во изминатиот квартал, поттикнувајќи стравувања од рецесија во земјата.
-
Македонија 01.05.2025 08:27
Муцунски во работна посета на Јапонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, е во работна посета на Јапонија. Ќе присуствува на одбележувањето на Националниот ден на Македонија на Осака ЕКСПО 2025, каде што земјата учествува со свој павилјон.
-
Македонија 01.05.2025 08:22
ССМ на протест, КСС за социјален дијалог
1 мај – Меѓународен ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, симбол на работничката борба. Сојузот на синдикатите на Македонија излегува на протест за повисоки плати.
-
Македонија 01.05.2025 08:13
Зголемена фрекфенција на граничните премини
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 01.05.2025 08:05
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 30.04.2025 20:21
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
Денеска од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот.
-
Македонија 30.04.2025 19:54
Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети при откриени обиди за криумчарење од Царинската управа
Имено лицето во вечерните часови пред полноќ, на влез на граничниот премин се пријавил со туѓ автомобил за што имал одобрение за управување.










