На полноќ камбаните ја обзнанија најрадосната вест. Христос воскресна од мртвите. Верниците пред црковните храмови ги скршија велигденските јајца и со поздравот Христос воскресна-Навистина воскресна си го честитаа празникот над сите празници-Велигден.
Вести
-
Македонија 20.04.2025 15:40
-
Македонија 20.04.2025 15:24
Кумановец изработил над 500 икони и орнаменти
„Многу ми е мило кога ќе подарам, кога ќе видам човек како се радува, тоа се случи со последната слика со орнамент со Богородица, луѓето, кога видов со солзи во очи од радост тоа те исполнува знаеш како“, раскажува единствениот бакрорезец од Куманово, Мирослав Поповски.
-
Економија 20.04.2025 14:36
Младите бегаат од земјоделството и сточарството
Македонија се соочува со недостиг на земјоделци. Производството на храна опаѓа и зависиме од увозна и поскапа храна. На сточарските фарми тешко се наоѓаат работници и покрај високите плати.
-
Македонија 20.04.2025 14:01
Политичките лидери со честитки до верниците
Политичките лидери со честитки до верниците. Собранискиот спикер Гаши побара да градиме мостови на разбирање, бидејќи меѓусебното почитување, солидарноста и човечката добрина се суштински за напредокот на секое општество.
-
Македонија 20.04.2025 13:30
На Охрид му недостасуваат луксузни хотели
На Охридското крајбрежје недостигаат современи луксузни хотели. Наместо згради за колективно домување, потребно е стимулирање на изградба на туристички капацитети. За тоа се потребни измени во законот за градење, велат од хотелската асоцијација.
-
Свет 20.04.2025 12:30
Меѓусебни обвинувања за прекршување на примирјето
Зеленски посочи дека Покровск и Новопавливка, градовите на границата на областа Донбас, биле постојана цел на руското бомбардирање по објавеното, кревко примирје. Биле употребени и дронови, украинските сили морале да возвратат. Во велигденската порака Зеленски го повика и Господ напомош.
-
Македонија 20.04.2025 11:29
Коалицијата „Вреди“ ќе стане една партија
На македонската политичка сцена ќе се роди нови субјект. Лидерот на демократското движење, Изет Меџити потврди дека од наредната недела почнува трансформацијата на коалицијата „Вреди“, којашто ќе прерасне во една партија.
-
Македонија 20.04.2025 10:46
Различните убедувања испреплетени во Колешино
Различно го празнуваат Велигден, жителите од подбеласичкото село Колешино во општина Ново Село. Ова е село со најмногу вери но е пример за заеднички соживот и почитување.
-
Македонија 20.04.2025 09:14
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Велигден
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, којшто годинава во исти ден го слават сите граѓани од христијанска вероисповед во светот, упати честитка до поглаварите на Црквите во земјава: Македонската Православна Црква – Охрид
-
Македонија 20.04.2025 08:29
Сончево и топло време, со мала до умерена облачност
Денеска во земјава ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната од 20 до 26 степени.










