Вести

  • Македонија 23.02.2025 19:01

    Ќе се реновира Домот на културата во Гази Баба

    Почна реконструкцијата на Домот на културата „11 Октомври“ во населбата Ченто, со што по четири децении Гази Баба ќе добие модерен објект со гледалиште за 180 посетители, а ќе се модернизираат сцените и помошните простории.

  • Свет 23.02.2025 18:07

    Влошена состојбата на папата Франциск

    Влошена здравствената состојба на папата Франциск-соопшти Ватикан, оценувајќи ја како критична. Додадоа дека му биле потребни дополнителна трансфузија на кислород и крв.

  • Македонија 23.02.2025 17:49

    ГОБ „8 Септември“ ќе се реконструира

    Подобри услови за лекување, современа апаратура и седум нови операциони сали во Градската општа болница „8 Септември“. Целосно ќе се санира и кровот што протекува. По 80 години болницата ќе биде реконструирана, проектот ќе чини 12 милиони евра.

  • Македонија 23.02.2025 17:22

    Затворена државната народна кујна во Куманово

    Од средината на октомври е затворена народната кујна во Куманово, којашто со години ја овозможува министерството за социјална политика. Над сто семејства останаа без бесплатен оброк.

  • Македонија 23.02.2025 16:57

    Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија

    Доста од двојни стандарди, треба да одите напред. Ова се дел од пораките со конкретна поддршка за евроинтегративниот пат на земјава кои премиерот Мицкоски ги добил на средбите со високите претставници во Вашингтон.

  • Македонија 23.02.2025 16:41

    Контрааргументи за вработувањата административци

    Нема да има вработувања по етнички и по партиски клуч додека сум на чело на Владата, уверува премиерот Мицкоски по обвинувањата за масовна партизација на јавниот сектор што стигнаа по изјава на вицепремиерот Меџити дека за една година околу три илјади Албанци ќе добијат работно место во администр

  • Македонија 23.02.2025 15:50

    Потребен ли му е на Охрид клинички центар?

    Охрид има потреба од Ургентен центар, но на оваа тема најчесто се зборува во екот на туристичката сезона, кога има двојно зголемен број на интервенции. Итните пациенти се згрижуваат во општа болница или во специјалната болница Св Еразмо.

  • Македонија 23.02.2025 15:23

    Метеж во дежурниот педијатарски пункт во поликлиниката „Бит-пазар“

    За 12 часа ноќно дежурство – лекарите прегледале четириесетина деца со симптоми на грип. Само изутринава на педијатрискиот пункт во Поликлиниката Бит-пазар со висока температура и кашлица медицинска поддршка побарале дваесетина.

  • Економија 23.02.2025 14:50

    Независна контрола на броилата за струја

    Ќе се воведе независна контрола на броилата за струја, Министерството за енергетика со иницијатива, Бирото за метеорологија да ја стави во функција современата опремата за тестирање која повеќе од седум години била складирана во подрумските простории и нефункционална.

  • Македонија 23.02.2025 14:18

    Одлив на високообразовни и стручни кадри

    Македонија се соочува со голем губиток на високостручни и научни кадри, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија по анализата за ефективноста на државните мерки за намалување на иселувањето на високостручниот кадар.

Pages