Во Стопанската комора презентација на резултатите од анкетите на странските директни инвестиции во 2024 година. Колку пари се слеале, дали е тоа сè задоволително?
Известува Борис Грујоски.
Во Стопанската комора презентација на резултатите од анкетите на странските директни инвестиции во 2024 година. Колку пари се слеале, дали е тоа сè задоволително?
Известува Борис Грујоски.
На денешната собраниска седница не помина предлог-законот на пратеничката група на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците. По обраќањето на пратеникот од Левица, Амар Мецановиќ, претседателот на Собранието го стави предлогот на гласање за да се донесе по скратена постапка.
Втор јавен повик за финансирање инфраструктурни проекти во локалната самоуправа. Пред малку заврши прес-конференцијата на министерот Перински.
Викторија Милевска известува.
Изборот на нови членови на Советот на Агенцијата за медиуми останува на дневен ред на денешната собраниска седница, иако пратеничката од ДУИ, Илире Даути, побара оваа точка да биде отстранета.
Иницијативата за преиспитување на уставноста на измените во Кривичниот законик, по чие донесување многу дела застареа, пред уставните судии. Судијата известител извести, дел од другите судии со забелешки.
Од Уставен суд известува Миле А. Ристески.
Советот на јавни обвинители ја чека иницијативата на Владата за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Засега, воздржаност. Во врска со одлуката за назначување раководител во Вишото скопско обвинителство, велат дека процедурата е запазена.
Дел од членовите на Судскиот совет за кои е поднесена интерпелација во Собранието изјавија дека писмено ќе се произнесат во законскиот рок. Нивната оценка е дека треба да се бара индивидуална, а не колективна одговорност.
Пешак вчеравечер бил усмртен магистралниот пат Гостивар – Кичево, на крстосница за с. Колибари, кичевско.
Министерството за внатрешни работи и Царината од синоќа спроведуваат акција на граничниот премин Богородица. Како што пренесуваат повеќе медиуми, се работи за откриена дрога во камион со македонски регистарски таблички.
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на „Булфрогс Балет“ на која беше информирана за работата и активностите на првото интернационално приватно училиште за класичен балет во земјава за деца и млади од 4 до 18 години.