Бојкот на маркетите поради високите цени и маржи. Камерата на МТВ регистрира намалена раздвиженост во претпладневните часови. Каква е состојбата сега и кои се ставовите на потрошувачите на трговците.
Известува Борис Грујоски.
Бојкот на маркетите поради високите цени и маржи. Камерата на МТВ регистрира намалена раздвиженост во претпладневните часови. Каква е состојбата сега и кои се ставовите на потрошувачите на трговците.
Известува Борис Грујоски.
Регулаторната комисија ги разгледа барањата на трите ќерки-фирми на ЕСМ. Донесена е одлука – цената на парното ќе се зголеми за 5,03% проценти. Како причина се посочува поскапувањето на гасот и помалото учество на ТЕ-ТО во вкупното производство.
Дали и во Прилеп има бојкот на маркетите? Секојдневно се потребни основните прехранбени производи, но останаа ли доследни потрошувачите да не пазаруваат денеска?
Известува Елизабета Митреска.
Во Министерството за финансии брифинг со новинарите имаше министерката Димитриеска-Кочоска. Каков е ставот?
Известува Александра Велинова.
Пијан, без возачка дозвола, поминал на црвено – Кривичниот суд му определи 30 дневен притвор на 20 годишниот Васил Јованов кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино.
Денеска два, во понеделник уште три лека од биолошката терапија треба да стигнат на клиниката за онкологија и пациентите да продолжат со лекувањето по речиси две недели прекин поради недостиг на биолошката терапија.
Денеска, во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИННОФЕИТ, беше свечено отворен ИННОФЕИТ ЕДИХ, првиот Европски дигитален иновациски хаб во Република Македонија.
Се зголемува бројот на пациенти со ретки болести. Во охридско-струшкиот регион откриени над 110 ретки дијагнози. Нови 130 лица годинава се впишани во регистарот на ретки болести.
На 30.01.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(23) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол со рамка „зораки“, муниција и марихуана.