Вести
-
Македонија 29.11.2024 13:31
Сиљановска-Давкова во посета на Правниот факултет во Подгорица
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја продолжува посетата на Црна Гора. Денеска на средба со премиерот Милојко Спајиќ и во посета на Правниот факултет во Подгорица.Од Подгорица известува Наташа Гркова-Петрушевска. -
Македонија 29.11.2024 13:24
ЕУ бара уставни измени без гаранции за преговори
Нова комесарка за европроширување, познати барања за Македонија-спроведување на уставните измени за да ги отвориме поглавјата за членство во ЕУ.
-
Економија 29.11.2024 13:24
„Црн петок“ во Македонија - многу драма за ништо
Додека еден дел од граѓаните се обидуваат да стигнат до своите работни места, друг дел подготвени за „црн петок“ и попустите.
Известува Борис Грујоски.
-
Македонија 29.11.2024 13:21
Ќе се зголеми ли цената по изминат километар?
Јавниот превоз, товар за скопјани. Нафтата позајмена од државните резерви е при крај, а тендерската постапка за набавка трае до идната недела. Не е решен ниту проблемот со приватните превозници.
Александра Велинова е пред Град Скопје каде има нова седница.
-
Македонија 29.11.2024 13:17
Осуда за сквернавењето на македонското знаме
Сите политички партии го осудија чинот и никој не презема одговорност за вчерашниот инцидент и палењето на македонското знаме.
Марина Стојанова-Тонева известува за реакциите на политичките партии.
-
Македонија 29.11.2024 13:14
Осуммина уапсени за вчерашните инциденти
Навредливи скандирања и дивеење низ улиците. На Денот на албанското, беше искинато и запалено државното знаме. МВР веднаш реагираше. Уапсени осум лица. Министерот Тошковски пред еден час ја заврши прес-конференцијата. Анита Димитријевска-Велковска ги има деталите.
-
Македонија 29.11.2024 12:38
Двајца загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај охридско Ботун
Две лице го загубија животот во сообраќајна несреќа што денеска се случи на магистралниот патен правец Охрид-Кичево, во близина на селото Ботун.
-
Македонија 29.11.2024 12:36
Обилни врнежи од снег на патот Маврово-Дебар, воведена забрана за товарни моторни возила
Од 12:10 часот денеска е воведена забрана за сообраќај на товарни моторни возила (ТМВ) на патот Маврово-Дебар поради обилни врнежи од снег.
-
Економија 29.11.2024 12:36
Колку ќе чини изградбата на автопатот Охрид- Кичево нема точна пресметка
Колку пари ќе чини конечната изградба на автопатот Охрид-Кичево засега нема прецизна пресметка. Прогнозите се дека повторно ќе има зголемување на цената, но дали и колку таа ќе ја надмине досега двојно повисоката од првично проектираните 374 милиони евра, не се знае.
-
Македонија 29.11.2024 12:34
Уништени шест возила на прославата за знамето во Куманово, приведено едно лице
Уништени шест возила на прославата по повод Денот на албанското знаме во Куманово.










