По извршената процена за намален ризик за појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште од страна на ЈП „Национални шуми“ – Скопје и на нивно барање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе согласност за отповикување на целосната забрана за движење во шу
Вести
-
Македонија 20.09.2024 16:25
-
Македонија 20.09.2024 16:16
Заострена реторика меѓу Скопје и Софија, обвинувања кој е виновен за влошените односи
Заострена реторика меѓу Скопје и Софија и обвинувања кој е виновен за влошените односи меѓу двете земји. Тонот кој го користи Северна Македонија нема да и помогне да стане членка на Европската Унија, предупреди бугарскиот премиер.
-
Економија 20.09.2024 16:02
ССМ ја оценува како добра идејата за ограничување на маржите
Благото зголемување на минималната синдикална кошница ќе биде објавено на почетокот на следната недела, најави Сојузот на синдикатите на Македонија.
-
Македонија 20.09.2024 15:50
Комитет на министри на Советот на Европа: Бугарија да ги регистрира македонските здруженија
Комитетот на министри на Советот на Европа ги повика бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права и да одобрат регистрација на здруженијата кои бараат признавање на македонското малцинство во Бугарија.
-
Македонија 20.09.2024 15:11
Почна судењето за двојното убиство, обвинетите не чувствуваат вина
Петмината обвинети за убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски се изјаснија за невини. Со воведните излагања, почна судењето за случајот кој ја потресе Македонија, а во кој првообвинет е Љупчо Палевски – Палчо. Тој пред судот тврдеше дека не е убиец, туку жртва.
-
Економија 20.09.2024 14:58
Димитриеска-Кочоска: Да обезбедиме влез на поголем број учесници на Берзата, ќе работиме на развој на секундарниот пазар
Министерството за финансии и Македонската берза во наредниот период активно ќе работат на развој на секундарниот пазар за тргување со хартии од вредност со цел да се зголеми бројот на учесници и тие да го најдат својот интерес во тоа.
-
Македонија 20.09.2024 14:55
Во организација на СЗПМ, со низа активности се одбележа Денот на пензионерите 20-ти септември
Со свечена седница и доделување награди и признанија на пет пензионерски здруженија од нашата држава, во просториите на СЗПМ беше одбележан Денот на пензионерите, 20-ти септември.
-
Економија 20.09.2024 14:46
Трипуновски: Доделени договорите од ИПАРД III програмата за 2021-2027
Денеска во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски заедно со директорот на агенцијата Илија Стоилев доделија договори од ИПАРД III програмата за 2021-2027.
-
Македонија 20.09.2024 14:46
Околу 150 деца имаат проблеми со раст
Во земјава има околу 150 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон. Од клиниката велат дека прават редовни набавки. Потребно е да се зголеми соработката со пациентските здруженија, велат надлежните.
-
Македонија 20.09.2024 14:32
Мицкоски: Иднината на Македонија е во европското семејство
Оваа македонска влада нема намера да прифаќа ултиматуми за преговори со ЕУ. Направивме многу компромиси, но ако ЕУ навистина има желба да не прими, тоа може да го направи, вели премиерот Мицкоски по средбите со европските претставници во Брисел.









