Облак од чад и непријатна миризба сè уште се шири од кумановската депонија Краста. Најпогодени од пожарот кој доцна синоќа ја зафати депонијата се жителите на Пчиња, и околните села. На терен неколку часа интервенирале мештаните со пожарникарите и пожарот е локализиран.
Вести
-
Македонија 18.06.2024 14:34
-
Македонија 18.06.2024 14:07
Приемните испити создаваат стрес кај учениците
Приемните испити во средните училишта и универзитетите создаваат стрес кај учениците. Доколку има квалитетно основно и средно образование нема да има потреба од повторно испитување, за да се потврди дека знаењето што го стекнале учениците е легитимно, смета психологот Пендаровски.
-
Македонија 18.06.2024 13:52
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик.
-
Македонија 18.06.2024 13:45
До крајот на неделава жолто и портокалово ниво за опасност од високи температури
Од утре до недела, како што соопштија од УХМР, земјава ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а наместа ќе достигнуваат 40 степени.
-
Македонија 18.06.2024 13:42
Македонските винарии се закитија со 162 награди на 13-от Балкански меѓународен натпревар и фестивал за вино
Во силна винска конкуренција со над 1.200 вински етикети презентирани од винариите на 16 држави учеснички, македонските винарии на 13 Балкански меѓународен натпревар и фестивал за вино освоија вкупно 162 награди.
-
Култура 18.06.2024 13:31
Солистички концерт на пијанистката Дуња Иванова во Виена
Македонската пијанистка Дуња Иванова, во понеделник на 24 јуни, ќе одржи солистички концерт во концертната сала „FEURICH Performing Stage“ во Виена.
На програмата се дела од култниот јапонски композитор Руичи Сакамото и од младата прогресивна музичка авторка Ханиа Рани од Полска.
-
Економија 18.06.2024 13:30
Поскапата струја ќе ја поскапи храната
Најавата за поскапа струја отвора можност и за ново поскапување на храната, велат бизнисмените. Според нив, евентуалното поскапување на дел од производите нема да биде многу високо, но секое зголемување на надворешните трошоци, се знае како ќе се одрази врз крајната цена.
-
Економија 18.06.2024 13:29
Државата да насочи повеќе пари за развој на руралните подрачја
Граѓански организации, локални акциски групи и земјоделски здруженија заедно со локалната и националната власт на едно место ќе разговараат како да се зголеми заемната соработка и комуникации. Во Струмица се одржува вториот Национален рурален парламент, во организација на УСАИД. -
Македонија 18.06.2024 13:25
Пожар во депонијата „Краста“, селото Пчиња во чад
Чади депонијата „Краста“ во кумановско, откако пожарникарите цела ноќ се обидуваа да ги сопрат пламените јазици да се прошират надвор од депонијата. Цело село со својата механизација и трактори во помош на противпожарната да се стави под контрола.
-
Македонија 18.06.2024 13:10
Предлогот за нова влада во Собрание
Предлогот за состав на новата влада и програмата ќе бидат доставени до Собранието, додека гласањето се очекува следниот викенд. Веќе од наредната недела се очекува новите владини членови да ги преземат функциите. Владата ќе има прв вицепремиер и уште четворица други заменик-премиери.










