Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1), соопшти Министерството за здравство.
Вести
-
Македонија 23.03.2020 12:52
-
Економија 23.03.2020 12:37
Горивата поевтинуваат од три до пет денари за литар
Цените на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат од три до пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 9,18 отсто.
-
Македонија 23.03.2020 12:34
Ројтерс: ЕУ ќе започне преговори со Северна Македонија и Албанија неделава
Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на свои извори пишува дека во последниот нацрт заклучок се носи едногласна одлука за почеток на преговорите за членство со Скопје и Тирана, јавува дописничката на МИА од Брисел.
-
Македонија 23.03.2020 11:07
На Инфективната клиника почина пациент заболен од Ковид- 19
Втор смртен случај од Ковид-19 во земјава. Ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент заболен од коронавирус. Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопшти Министерството за здравство.
-
Македонија 23.03.2020 10:20
Министерот Чулев ги посети полициските пунктови во Скопје, најголем дел од граѓаните ги почитуваат мерките
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев синоќа ги посети полициските пунктови на територијата на град Скопје преку кои полициските службеници го контролираат спроведувањето на одлуката на Владата со кое се ограничува движењето на граѓаните во периодот од 21 до 06 часот.
-
Македонија 23.03.2020 09:43
Спасовски во посета на неколку полициски пункта по стапувањето на сила на полицискиот час
Премиерот Оливер Спасовски во придружба на дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски направија увид на неколку полициски пункта непосредно по стартувањето на одлуката на Владата за ограничување на движење
-
Македонија 22.03.2020 20:41
Филипче: Починатата пациентка и нејзиниот син негирале контакт со заболен или патување во странство
Министерот за здравство Венко Филипче на вечерашната прес-конференција го појасни начинот како била лекувана и како почината 57-годишна жена во Куманово, која е прв смртен случај од коронавирусот.
-
Македонија 22.03.2020 15:45
Прв смртен случај од Ковид-19 во земјава
Педесет и седум годишна жена од Куманово е првата жртва од коронавирусот во земјава. Надлежните институции доцна синоќа посмртно дијагнотицирале дека жената била заболена од коронавирус.
-
Македонија 22.03.2020 14:18
Во Дебар и Центар Жупа се почитуваат мерките на Владата
Изминатово деноноќие, безбедносната состојба во општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба е стабилна. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и нема регистрирани сообраќајни незгоди.
-
Економија 22.03.2020 14:15
Ангеловска: Ќе има нов пакет економски мерки, приоритет е обезбедување на средства веднаш
„Да се обезбеди сигурност на буџетот во секое сценарио и да се обезбеди ликвидносна и финансиска инјекција во стопанството преку мерки за помош на фирмите се сегашните приоритети“, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција за финансирање на буџетот во услови на корона кри








