Вести
-
Македонија 12.01.2026 13:25
Реакции по гласањето во четирите општини
Коалицијата НАИ освои уште два градоначалнички мандата по повторените избори, ВМРО-ДПМНЕ победи во Маврово-Ростуше, Демократската партија на Турците во Центар Жупа. Власта и опозицијата со различни оценки за епилогот од гласањето. -
Македонија 12.01.2026 13:17
Измените на Кривичниот законик пред пратениците
По празничната пауза, пратениците од денеска повторно во собраниските клупи, на првите заседанија во новата година. Пред народните избраници, во надлежната комисија и измените на Кривичниот законик. Дебата и за законите за полиција и за внатрешни работи.
-
Македонија 12.01.2026 12:51
МВР: Запленети 5.050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, лишен од слобода српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода М.Г.
-
Македонија 12.01.2026 12:33
Проштална средба на министерот Муцунски со амбасадорката на САД, Ангела Агелер
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, по повод завршувањето на нејзината дипломатска мисија во Република Северна Македонија.
-
Економија 12.01.2026 12:28
Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за половина денар, додека цената на Еуродизелот останува иста, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
-
Свет 12.01.2026 12:08
Иранските демонстранти остануваат на улиците
Со прекин на интернетот и телефонските линии, тешко е да се процени ситуацијата во Иран. Светските агенции јавуваат за стотици загинати и ранети, илјадници уапсени на протестите против режимот.
-
Македонија 12.01.2026 11:51
Kамбовски задоволен од изборот на претседателката за нови членови на Судскиот совет
Првиот човек на Судскиот совет Александар Камбовски не се сомнева во изборот на шефицата на државата, која до Собранието достави предлог адвокатката Сузана Јошевска – Атанасовска и професорката Арлинда Кадри – Шахиновиќ да бидат нови членови на највисокото судско тело.
-
Култура 12.01.2026 11:37
„Диско вечер“ - традиционален гала концерт за Василица во МОБ
Традиционалниот гала концерт по повод празникот Василица во Македонската национална опера и балет ќе се одржи на 12 и 13 јануари 2026 година, со почеток во 20 часот.
-
Македонија 12.01.2026 11:14
Осуда и истрага за инцидентот со Бугарската амбасада
МВР работи на расчистување на случајот со Бугарската амбасада во Скопје, каде вчера, непознат сторител го оштетил стаклото на влезната врата на дипломатското претставништво.
-
Свет 12.01.2026 11:02
Израел изврши напади врз јужен Либан
Израелската војска изврши воздушни напади во село во јужен Либан. Нападите следуваа откако израелската армија издаде предупредување за евакуации. Целта биле четири згради на милитантната група Хезболах.









