Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски го осуди насилството и ги повика институциите да направат брза и ефикасна истрага и да се откријат виновниците. Побара да не се ставаат во ист кош огромното мнозинство граѓани кои со денови мирно протестираа и кои не повредија никого, со оние кои го направија тоа.
Вести
-
Македонија 28.04.2017 16:10
-
Македонија 28.04.2017 15:52
Реакции на малите партии за инцидентот во Собранието
Државните органи надлежни за обезбедување на јавниот ред и мир да застанат во одбрана на институциите и безбедноста на граѓаните, повикаа од движењето БЕСА.
-
Свет 28.04.2017 15:40
Меркел: Британија прво да го врати долгот
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Британија не може да ги има истите права како и членките на ЕУ, ниту може да се преговара за трговските договори пред да се согласат дека треба да го вратат долгот.
-
Македонија 28.04.2017 15:33
Заев: Ќе покажеме дека сме зрели како држава
Прес конференција на СДСМ, по вчерашните инциденти. Лидерот на партијата Заев, му го честиташе изборот на Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Рече дека насилството во Законодавниот дом е поттикнато од Груевски, Иванов, Вељаноски, Чавков и нивни соработници.
-
Македонија 28.04.2017 15:25
Метео: Облачно со повремени врнежи од дожд за викендот
За време на продолжениот празничен викенд во Македонија ќе преовладува променливо облачно време.
-
Македонија 28.04.2017 15:16
Попоски: Да се почитуваат законите
Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски на неформалниот состанок во Малта повика на сплотеност во земјата и почитување на Уставот и на законите.
-
Македонија 28.04.2017 14:58
Над 80 повредени побарале помош на државните клиники
Над 80 повредени, од кои најголем број цивили, завршиле на скопските клиники по настаните во Законодавниот дом. Потешките случаи, 28, биле примени на Ургентниот центар во Скопје. Шестмина се хоспитализирани, меѓу нив и тројца пратеници.
-
Македонија 28.04.2017 14:54
Ден по инцидентот, мирно пред Собранието
Ден по инцидентите, мирно пред македонското Собрание. Полицијата е околу зградата на Законодавниот дом. Запрен е протокот на возила. Проретчено е и движењето на граѓаните во непосредна близина на Парламентот.
-
Економија 28.04.2017 14:18
Намалено индустриското производство во првиот квартал годинава
Индустриското производство во периодот јануари-март годинава во однос на истиот период лани е намалено за 1,5 проценти. Во март годинава во однос на март лани е регистрирано намалување од 0,9 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
-
Свет 28.04.2017 13:53
Трамп: Можен е голем конфликт со Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно да дојде до голем конфликт со Северна Кореја заради нејзините нуклеарни и ракетни програми, но додаде дека претпочитува спорот да се реши по дипломатски пат.










