Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска. Здравствените власти прогласија епидемија во неколку скопски општини. Но, загрижува ситуацијата со зголемениот број заболени.
Андријана Ѓурчевска известува.
Почина 83-годишен пациент заразен со западнонилска треска. Здравствените власти прогласија епидемија во неколку скопски општини. Но, загрижува ситуацијата со зголемениот број заболени.
Андријана Ѓурчевска известува.
За квалитетот на водата во Гостивар, анализата на добиените микробиолошки резултати од тестирањата, заседава Кризниот штаб.
Дали гостиварци ќе добијат питка вода, дали сè уште останува ставот дека е подобрен квалитетот, известува Викторија Милевска.
Центарот за јавно здравје Скопје прогласи епидемија на западнонилска треска во делови од Градот Скопје, по зголемениот број регистрирани случаи и активноста на вирусот.
Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, денеска спроведува вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата Драчево, со цел ефикасна заштита на граѓаните од комарци и спречување на нивното масовно размножување.
36 часа по разорниот земјотрес во Колумбија, спасувачите жива извлекоа 32-годишна жена од под урнатините. Екипите се тркаат со времето, надевајќи се дека под бетонските блокови има уште преживеани.
Вечерва делови од Шпанија ќе го набљудуваат првото целосно затемнување на Сонцето по повеќе од еден век.
Патеката ќе минува низ Овиедо, Леон, Билбао, Сарагоса и Валенсија.
Астрономите предупредуваат дека затемнувањето мора да се следи со соодветна заштита за очите.
Европа повторно се соочува со екстремни временски услови – големи шумски пожари, високи температури и нов топлотен бран се закануваат во повеќе земји. Пожари беснеат од Грција и Италија до Шпанија, Франција и Албанија.
„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“.
Голема спасувачка операција во близина на Бали откако ферибот со 131 лице се запали на пат кон Ломбок. Досега се спасени 106 лица.
Денес и во петок августовски рок за екстерните испити од матурата за кандидатите кои не ја положија во јуни. Прво се полага математика или англиски јазик, односно историја, за уметничка матура, а на 14-ти август е полагањето на задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик и литература.