Тажен ден за Македонија, денеска е ден на жалост за настраданите во поплавите во неколкуте скопски села и населби. Знамињата пред државните институции се на половина копје, за 21-та жртва на незапаметеното невреме.
Вести
-
Македонија 08.08.2016 10:04
-
Македонија 08.08.2016 08:14
Поради дожд пренасочен сообраќајот на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје
Поради обилни врнежи од дожд утринава патничкиот сообраќај на автопатот Гостивар - Тетово - Скопје поточно од клучката Југ е пренасочен преку тетовското градско подрачје до клучката Север.
-
Македонија 08.08.2016 08:03
Tелефонски број за донации за поплавените подрачја
По тешките поплави кои го зафатија скопскиот и тетовскиот регион, човечките жртви и непоправливите материјални штети што ги погодија огромен број семејства, отворен е телефонскиот број 143 400 за донации.
-
Македонија 08.08.2016 08:00
Ден на жалост во Македонија
Понеделник, 8 август 2016 година е определен за Ден на жалост во Република Македонија. Одлуката ја донесе Владата на вчерашната вонредна седница.
-
Македонија 07.08.2016 22:03
Утре Ден на жалост во Македонија, прогласена кризна состојба
Понеделник, 8 август 2016 година е определен за Ден на жалост во Република Македонија. Одлуката ја донесе Владата на денешната вонредна седница.
-
Македонија 07.08.2016 20:48
ЕУ: Подготвени сме да помогнеме за справување со последиците од невремето
Европската унија вечерва искажа подготвеност да им помогне на македонските власти во справувањето со последиците од невремето во скопско и тетовско.
-
Македонија 07.08.2016 19:23
Премиерот Димитриев и Груевски во загрозените скопски подрачја
Премиерот Емил Димитриев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кои поради синоќешното невреме ги прекинаа годишните одмори, се во посета на најпогодените подрачја во Скопско.
-
Економија 07.08.2016 18:50
ССК: Компаниите да им помогнат на граѓаните погодени од невремето
Сојузот на стопански комори (ССК) ги повикува сите компании да се вклучат во акцијата за помош на граѓаните погодени од силното невреме што го зафати скопскиот регион.
-
Македонија 07.08.2016 18:39
Иванов: Сега е момент за хуманост
Превртени, заглавени и оштетени возила, целосно уништен род, наноси земја и свлечишта по патиштата, вода во домовите и подрумите, е сликата во најкритичните точки близу скопската обиколница кои беа најпогодени од синоќешното невреме.
-
Македонија 07.08.2016 17:18
Во поплавените подрачја најпотребни храна, пелени, вода и средства за хигиена и дезинфекција
Конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена и средства за дезинфекција се најпотребни на населението во поплавените подрачја.






