Народна банка на Република Македонија денеска и утре во Скопје организира Петта меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус, преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“.
Вести
-
Економија 07.04.2016 10:33
-
Македонија 07.04.2016 10:30
Министерот за одбрана на Австрија во посета на Македонија
Сојузниот министер за одбрана и спорт на Австрија, Ханс Петер Доскоцил е во посета на Република Македонија.
Церемонијата на свечениот пречек се одржа во Министерството за одбрана, по што министрите за одбрана Зоран Јолевски и Петер Доскоцил имаат тет-а-тет средба.
-
Македонија 07.04.2016 10:19
Вељаноски: Заврши мандатот на овој парламентарен состав
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски еден час пред полноќ го распушти парламентот. Пратениците на СДСМ не учествуваа на продолжението на последната собраниска седница.
-
Македонија 07.04.2016 10:16
Заев: СДСМ нема да учествува на изборите
СДСМ нема да учествува на предвремените избори закажани за 5-ти јуни. Претседателот на СДСМ, Заев вели дека не биле исполнети условите предвидени со договорот од Пржино.
-
Македонија 07.04.2016 10:14
Столтенберг: Без решение на името, нема членство во НАТО
Борбата против насилниот екстремизам и безбедноста на Европа, ќе бидат главни теми на престојниот самит на НАТО во Варшава, најави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во Вашингтон.
-
Македонија 07.04.2016 10:07
Се очекува подобар род на пченицата, цените во Македонија највисоки во регионот
Предвидувањата на глобално ниво се дека жетвата на пченицата ќе биде подобра од минатата година или во најлош случај, слична како лани.
-
Македонија 06.04.2016 17:13
Метео: Од петок пад на температурите
Сончевото и топло време во Македонија продолжува и утре со умерен повремено засилен југоисточен ветер.
Во попладневните часови се очекува постепено зголемување на облачноста.
-
Македонија 06.04.2016 17:01
Одложено рочиштето за случајот „Маѓар Телеком“
Повторно одложено рочиштето за случајот „Маѓар Телеком“. Иако на претходното, судот реши на осомничените да им се суди во отсуство, на денешното се појави адвокатот Ненад Јаниќевиќ, кој добил полномошно од првообвинетиот Атила Сендреи да го застапува.
-
Македонија 06.04.2016 16:55
Усвоен извештајот за проверка на избирачкиот список
1.129 починати избирачи треба да се избришат од гласачкиот список. Ова е единствената фиксна бројка со која излезе ДИК по вкрстените теренски и административни проверки. Се чека одговор од институциите за дополнителните проверки коишто не се завршени.
-
Економија 06.04.2016 16:40
Потпишан договорот со „Минстрој“, 1.000 рудари од Злетово и Тораница се враќаат на работа
Бугарскиот „Минстрој холдинг“ и официјално ја доби концесијата за ископување оловоцинкова руда во Злетово и Тораница. Првите вагони руда ќе излезат од Злетово во мај, а набрзо потоа ќе се реактивира и Тораница.










