Каква е состојбата на пазарот со сувомесни производи?!

07.08.2014 16:55

Граѓаните поделени околу консумирањето на сувомеснатите производи ...

Во фабриката „Екстра Меин“ не се одвива прозиводсвениот процес откако беше објавено дека во спорната серија со сецкан сув врат има присуство нат бактеријата листерија. Меѓутоа, продавниците на „Екстра Меин“ во Куманово денска работеа и се продаваа останатите сувомесни  производи.

Граѓаните кои пазареа со поделени мислења- едни се воздржуваат од консумирање сувомесни производи, но други редовно купуваат.

„Кажауваат на медиумите, така што денеска решив да не купувам ниту месо, ниту сувомесни приоизводи.“

„Во летниот период го избегнуваме месото, поради жештините повеќе консумираме полесна храна.“

„Нашето семејство ги користи производите на Екстра Меин и понатаму ќе продолжиме да ги купуваме затоа што се едни од најквалитетните во Македонија“, изјавија анкетираните граѓани на Куманово.

Во сите маркети и продавници во државата е повлечен спорниот производ, а од производствениот капацитет се земени примероци и од суровините, работните површини и мшините кои ќе подлежат на анализа која треба да покаже дали се совпаѓа со изолатите земени од заболените лица.

Од денска е сопрено производството во фабриката „Екстра Меин“ во Куманово. Инспекторите од Агенцијата за храна и ветериарство синоќа земале дополнителнни мостри кои ќе одат на натамошни истражувања

На пазарот брендот Екстра Меин е присутен повеќе од две деценции и има 170 вработени.

 

Габриела Димковиќ