Жан Мишел Жар за МРТ
Пионерот на електронската музика, легендарниот французин Жан Мишел Жар доаѓа во Скопје. Горд сум што ќе настапам- вели во ексклузивното интервју за МТВ...

За прв пат пред камерите на МТВ, по одличен повод, француската икона на електронската музика, од Париз, од неговорто студио, ексклузивно го најавува неговиот концерт во Скопје, во организација на „Пасворд продукција“, на 13-ти ноември во арената Борис Трајковски.
„Многу сум горд и почестен што ќе дојдам во Македонија, во Скопје со ова шоу, коешто според мене е многу подобро од претходниоте коишто сум ги работел. Ова е нешто според мене ново, поинакво и случано се поклопува со овој специјален албум- Електроника“, вели Жан Мишел Жар.
Основоположникот на мултимедијалните перформанси за Скопје најавува спектакуларно аудио- визуелно шоу со многубројни сценски ефекти коишто ја интегрираат најновата технологија на звук и светло.
„Ова шоу е навистина исклучително, го велам тоа, бидејќи новиот тим со којшто работам на видео и светло е создаден од навистина исклучителни луѓе. Заедно создадовме нешто коешто јас го немам видено претходно“, нагласува Жан Мишел Жар.
Целосното ексклузивно интервју со Жан Мишел Жар, очекувајте го наскоро на програмата на МРТ.
Александра Јовановска
