Алтернативни планови за енергетска ефикасност
Македонија, како и сите земји од ЈИЕ треба да се зафатат со алтернативни планови за креирање енергетски модели и сценарија за поголема енергетска ефикасност и поголема искористеност на обновливите извори на енергија.

Загадувањето е превисоко, а најголем загадувач во Македонија е енергетскиот сектор- велат од невладината „Аналитика“. Македонија, како и сите земји од ЈИЕ треба да се зафатат со алтернативни планови за креирање енергетски модели и сценарија за поголема енергетска ефикасност и поголема искористеност на обновливите извори на енергија.
Ако се спореди парично, ако инвестираме во јаглен и ако инвестираме во користење обновливи извори на енергија како сонце, ветер, енергетска ефикасност, велосипедизам, електронски возила тогаш сумата е скоро иста, некаде околу четири милијарди евра од 2010 до 2050 година, вели Соња Ристовска, истражувачки и менаџмент координатор на „Аналитика тинк тенк“.
Целта на четиригодишниот проект е да се покаже дека е возможна алтернатива од сегашната состојба, која е зелена, одржлива и ќе ја помага економијата.
