Бачев: Управниот суд не расправал по тужбите

18.11.2016 15:08

Бачев тврди дека Управниот суд воопшто не расправал по тужбите од партијата поднесени на одлуката на ДИК да се отфрлат нивните кандидатски листи.

Претседателот на Народното движење за Македонија, Јанко Бачев тврди дека Управниот суд воопшто не расправал по тужбите од партијата поднесени на одлуката на ДИК да се отфрлат нивните кандидатски листи.

НДМ до Управниот суд поднесе предлози за дополнување на 7 пресуди, бидејќи како што тврди Бачев, во нивните одлуки имало пропусти.