Нимиц, неофицијално: Не би преговарал за моето име

27.06.2017 10:08

Според Бил Николов од оваа организација, Нимиц наводно рекол дека ништо не би се случило и не би имало последици, доколку Македонија се повлече од преговорите за името.

Според Македонското меѓународно движење за човекови права, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации, Метју Нимиц, изјавил неофицијално, ако бил Македонец не би преговарал за сопственото име.

Според Бил Николов од оваа организација, Нимиц наводно рекол дека ништо не би се случило и не би имало последици, доколку Македонија се повлече од преговорите за името.

Како што можевме да го видиме огромниот притисок врз Македонија да го смени името, со цел да се смири угнетувачот Грција, ние одлучивме, во име на Метју Нимиц, јавно да да ги објавиме неговите чувства, велат од Македонското меѓународно движење за човекови права.