Продолжува дебатата за стратегијата за бегалци и странци

17.08.2017 16:08

Продолжи собраниската Комисија на којашто се разгледува десетгодишната владина стратегија за интеграција на бегалци и странци. Градоначалниците на Пробиштип, Илинден и Крива Паланка се изјаснија негативно- нема да ја поддржат, затоа што како што велат, нивните општини немаат доволно пари, а приоритетни се проектите за домашните жители...

Уште тројца градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кажаа „НЕ“ за владината стратегија за бегалци и странци. Велат, од транзитна земја, Македонија ќе се претвори во бегалски камп. Бараат Министерството да се откаже од идејата да вдомува мигранти, за општинските каси да продолжат со финансирање на проекти од интерес на домашните граѓани.

Приливот на белаци, оценува градоначалникот на Пробиштип, дополнително ќе и создаде проблем на општината, затоа што работа нема ни за нејзините жители. 1.600 луѓе се уште се водат како баратели на работа.

На собраниската Комисија на којашто се расправа за стратегијата за бегалци и странци не присуствуваа пратеници од владејачкото мнозинство.

 

Анита Димитријевска