Се укинува радиодифузната такса

19.09.2017 16:48

Законските измени со кои се укинува плаќањето на оваа јавна давачка, нема да важат ретроактивно, појасни министерот Манчевски.

Од идниот месец, граѓаните се ослободени од плаќањето на радидифузната такса. Законските измени со кои се укинува плаќањето на оваа јавна давачка, нема да важат ретроактивно, појасни министерот Манчевски.

„Од следниот месец граѓаните се ослободени од плаќање на оваа давачка. Македонската радио и телевизија, Македонската радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од следниот месец ќе се финансираат директно со пари од Буџетот на Република Македонија. Дадените ветувања кон граѓаните се реализираат. Зборот е збор“, изјави министерот Манчевски.

Манчевски посочи дека со укинувањето на радиодифузната такса Владата покажала како се работи во интерес и во служба на граѓаните.