Солунски суд: Решение за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски

29.11.2017 13:10

Досега немаше пресуда за нив поради необезбеден преведувач на македонски јазик во Солунскиот суд.

Денеска судот во Солун треба да реши за екстрадицијата на Грујевски и Бошкоски, обвинети за уништување на документацијата во МВР. Тие пребегаа во Солун од каде што планирале да ја напуштат Грција со фалсификувани бугарски патни исправи.

Досега немаше пресуда за нив поради необезбеден преведувач на македонски јазик во Солунскиот суд.

Горан Грујевски и  Никола Бошкоски се обвинети во предметот „Тврдина- Таргет“, што се однесува на незаконското следење на комуникациите преку злоупотреба на системите во МВР и за физичко уништување на дел од опремата со која било сторено кривичното дело.