Изгаснат е пожарот во модуларната болница во Тетово, има повеќе повредени и починати лица
Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Министерот за здравство Венко Филипче, кој итно се упати во Тетово, на Твитер соопшти дека има повредени и починати лица...
Изгаснат е пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Министерот за здравство Венко Филипче, кој итно се упати во Тетово, на Твитер соопшти дека има повредени и починати лица.
Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов, информираше Филипче на Твитер.
Сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани, информира министерот и додава дека наскоро ќе има нови информации.
Се очекува да почне и увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.
Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи претходно информираше дека пожарот избувнал многу брзо и брзо се ширел.
