Справувањето со хибридни закани- високо на безбедносната агенда
Овие закани најчесто доаѓаат од поединци, групи, терористи и од држави кои ги користат нив. Употребуваат се она што и конвенционалните сили но нема можност за справување со нив...

После сите заложби и се што направи за членство, Македонија со право очекува покана за влез во НАТО, порача заменик министерот за одбрана Емил Димитриев. Независно дали таа покана би била испратена од самит или од амбасадорски состанок.
„Што ќе донесе Самитот во Велика Британија ние не можеме однапред да прејудицираме, тоа не зависи од нас. Меѓутоа ние и натаму остануваме цврсто посветени на нашето зачленување во НАТО и по ниеден основ не праќаме сигнали дека овој наш врвен државен приоритет е доведен во знак прашање“, изјави Димитриев.
Справување со хибридните закани е високо на агендата на сите безбедносни институции. Овие закани најчесто доаѓаат од поединци, групи, терористи и од држави кои ги користат нив. Употребуваат се она што и конвенционалните сили но нема можност за справување со нив, објаснува полковник Хаџи Јанев. Бидејќи постои опасност да го прекршите меѓународното право. Најсвежи примери се вели во крим и во Сирија.
„Затоа што меѓународното право дефинира сили на држави. Следно таквите закани може да бидат и од групи, како што се терористичките организации. Конгломерат на такви групи видовме и во Сирија. Збир на здруженија коиште дејствуваат глобално. Тие не се претставници на ниту една држава, но имаат ефект да ги загрозат државите, па дури и безбедноста во цели региони“, смета Методи Хаџи Јанев, полковник, професор на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.
Во оваа насока, експерти од Државниот универзитет во Аризона споделуваат искуства за менаџирање и одговор на видови современи закани.
Фиљана Кока
