Фудбал

Блог вести

  • Фудбал 02.09.2014 14:40

    Фалкао со „деветка“ на грбот

    Најголемото засилување на Манчестер Јунајтед, Колумбиецот Радамел Фалкао, одбра да го носи дресот со број 9, како што беше случај и најчесто досега во неговата клупска и репрезентативна кариера.

  • Фудбал 02.09.2014 12:21

    Шпанија без Иниеста!

    Еден од главните креатори на играта на шпанската фудбалска репрезентација, Андрес Иниеста нема да биде подготвен за дуелот против Македонија.

  • Фудбал 01.09.2014 19:04

    Повредениот Адеми не патува за Шпанија

    Нашиот фудбалски интернационалец од Динамо Загреб, Аријан Адеми, сепак нема да дебитира за најдобрата репрезентација на Македонија на евроквалификацискиот натпревар со Шпанија во Валенсија на 8 септември.

  • Фудбал 01.09.2014 15:15

    Фалкао во Манчестер Јунајтед на едногодишна позајмица

    Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед го договори  напаѓачот на Монако,  Радамел Фалкао, кој во финишот на преодниот рок треба да се пресели на Олд Трафорд.

  • Фудбал 31.08.2014 20:24

    Вардаров печат на дербито

    Дуелот меѓу Металург и Вардар го оправда епитетот на дерби на 6-то коло. По заслуга на Вардар, чии фудбалери  го надиграа конкурентот на табелата со 4:1. Вардар многу мотивирано влезе во натпреварот со секогаш незгодниот сосед од „Железарница“.

  • Фудбал 31.08.2014 20:22

    Дербито за Вардар!

    Вардар го доби дербито со Металург со убедливи 4-1 во шестото коло од Првата фудбалска лига на Македонија. Црвено – црните експлодираа на стадионот во Ѓорче Петров и рано дојдоа до водство од 2-0. Асани во седмата и Грнчаров во 11-тата минута ја погодија противничката мрежа.

  • Фудбал 31.08.2014 16:31

    Пандев во Галатасарај!

    Горан Пандев ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, јавуваат турските медиуми. На последниот ден од преодниот рок, нашиот најдобар фудбалер се решил да ја прифати понудата на тускиот тим којшто сезонава ќе настапува во Лигата на шампионите.

  • Фудбал 31.08.2014 14:53

    Диара во Квинс Парк

    Поранешниот француски репрезентативец Ласана Диара е најново засилување на Квинс Парк Ренџерс. 29-годишниот дефанзивен фудбалер од средниот ред ги мина лекарските тестови и потпиша договор со англискиот тим со важност до крајот на сезоната.

  • Фудбал 31.08.2014 14:52

    Меси натаму капитен

    Лионел Меси и натаму ќе биде капитен на аргентинската репрезентација, соопшти новиот селектор Херардо Мартино. Поранешниот тренер на Меси во Барселона е убеден дека и фудбалерот сака да го задржи статусот којшто го има во националниот тим.

  • Фудбал 31.08.2014 14:50

    Металург и Вардар во директна пресметка, Силекс демне

    Шестото коло од Првата фудбалска лига на Македонија денеска содржи три натпревари. Дербито е во Ѓорче Петров меѓу Металург и Вардар, две од трите екипи со најдобар ефект досега. Преносот е на Собрансикиот сервис на МРТ од 17 часот.

Pages