Фудбал

Блог вести

  • Фудбал 30.09.2015 12:24

    „Црвените ѓаволи“ по бодови против Волфсбург

    Манчестер Јунајтед очекува враќање во победнички ритам во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“ се надеваат дека Волфсбург е погоден противник за тоа, во групата којашто се искомпликува уште со почетните резултати.

  • Фудбал 14.09.2015 21:46

    Петта победа за Шкендија

    Шкендија – Ренова 3-1 во завршниот натпревар од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига.

  • Фудбал 08.09.2015 10:45

    Против великанот, во одбрана на честа

    На денешен ден пред една година, во Валенсија Шпанија ја победи Македонија со 5:1! За Шпанците тоа беше одличен влез во одбрана на титулата од 2012-та.

  • Фудбал 04.09.2015 15:24

    „Сивиот“ Луксембург, „порозова“ фудбалска реалност?

    Преполовена температура, облаци место сонце, типично сиво време во Луксембург сити. Амбиент како нашиот фудбалски. Сакаме повеќе отколку што досега остваривме. Четвртото место е нашата нова цел, откако претходно поставувавме нереални репери. Но како се мери фудбалскиот успех?

  • Фудбал 27.08.2015 22:25

    Крај на надежите за групна фаза

    Дебармаалската бајка заврши. Резултатски за само еден гол, но реално за класа поголем квалитет којшто го покажа Рубин во реваншот. Четврфиналистот од УЕФА Европа лигата пред две сезони беше подобар противник.

  • Фудбал 07.08.2015 14:39

    Работнички против Рубин Казан

    Ова е време за фудбалска романтика, нов предизвик за Работнички во плеј - офот во УЕФА Европа лигата ќе биде Рубин Казан. Во првиот натпревар Работнички ќе биде домаќин.

  • Фудбал 07.08.2015 14:38

    Динамо на Адеми против Скендербег

    Веќе неколку сезони, прваците на послаборангираните национални првенства добиваат можност низ меѓусебни дуели да се пласираат во фазата по групи во Лигата на шампионите. Затоа пак, екипите од квалитетниете европски шампионати мора да се соочат еден против друг за да бидат дел од елитата.

  • Фудбал 30.07.2015 15:02

    Работнички и против Трабзонспор оди на победа

    Работнички подготвено и крајно мотивиран го дочекува натпреварот со Трабзон. Последниот од четирите македонски претставници во летните квалификации одигра рутински и со манир на искусна екипа во претходните две рунди против балтичките ривали Флора и Јелгава.

  • Фудбал 29.07.2015 15:47

    Работнички не се плаши од Трабзонспор

    Работнички игра добро, константно и затоа заслужи двомеч со  уште еден противник со звучни имиња, Трабзонспор. Турската екипа нема трофејна европска историја, но има фудбалери од типот на Кардозо, Босингва и Мбиа и вреди стотици милиони евра.

  • Фудбал 27.07.2015 14:39

    Мексико по низа контроверзи до 7 трофеј во Голд куп

    Репрезентацијата на Мексико триумфира на фудбалскиот “Голд куп“ на кој учествуваат земјите од Северна и Средна Америка. Во финалето пред околу 70.000 гледачи на Линколн стадионот во Филаделфија, Мексико ја совлада Јамајка со 3:1 и во своето осмо финале го освои трофејот по рекорден седми пат.

Pages