Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на џезот, со почит и благодарност кон основоположниците на овој жанр, на сегашната генерација џезери и на сите љубители на џез-музиката.
-
Култура 30.04.2024 13:54
-
Култура 30.04.2024 08:52
„Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска вечерва премиерно во Турскиот Театар
Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев, а кореографијата – Ирена Лозинска.
-
Култура 29.04.2024 14:08
Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.
-
Култура 29.04.2024 10:17
Битолски театар повторно на Стериино позорје
Годинава Битолски народен театар го одбележува 80 годишниот јубилеј од своето постоење. Имено, на 14 ноември 1944 година, почнал со работа професионалниот театар во Битола и била изведена едночинката на Владо Малески „Петоимениот Ѓоре“.
-
Култура 27.04.2024 11:45
Драмски театар доделува награда „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад драмски автор
Драмски театар од Скопје, денес на 27 април, денот на роденденот на драмскиот автор Горан Стефановски, ја востанови наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30-годишна возраст, Од Драмски велат дека текстот ќе се избира преку јавен конкурс, а дополнително ќе информ
-
Култура 26.04.2024 20:11
Нов мурал во Прилеп -„Правината се танчи, ама не се кинит“
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска на промоцијата на новиот мурал на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, порача дека младите преку уметноста оддаваат почит кон личностите кои имаат непроценливо значење за нашиот идентитет, култура и историја.
-
Култура 26.04.2024 12:25
Автори и илустратори за деца од Турција, гости на „Литера 2024“
Гизем Ѓозде Учар и Угур Алтун, современи автори и илустратори за деца од Турција, ќе бидат гости на претстојното 6. издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“. Фестивалот ќе се одржи од 15-ти до 18-ти мај, во Младинскиот културен центар во Скопје.
-
Култура 24.04.2024 15:43
Изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“ на ДЛУМ во куќата на Борко Лазески
Во четврток, во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Цртеж, Експриментален цртеж“. Изложбата ќе ја отвори од Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија.
-
Култура 24.04.2024 08:56
Меѓународен ден на џезот во паркот „Ибни Пајко“
Во паркот „Ибни Пајко“ во вторник, 30 април, во 13 часот ќе се одржи 8. издание на целодневниот џез хепенинг со кој ќе биде одбележан Меѓународниот ден на џезот, а ја организира Националниот џез оркестар.
-
Култура 23.04.2024 15:49
Македонската книжевност им се врати на читателите
Дождлив вторник, Саем на книга. Меѓу посетителите и четвртоодделенката Ива која задлабочено чита на еден од штандовите, задоволна што ја нашла книгата по нејзина мерка.










