Во селото Волино е пронајдено исклучително вредно археолошко наоѓалиште.
Известува Соња Рилковска.
Во селото Волино е пронајдено исклучително вредно археолошко наоѓалиште.
Известува Соња Рилковска.
Со претставата „Мојот маж“, Драмскиот театар Скопје ќе учествува во програмата за одбележување на јубилејот „80 години Народен театар – Битола“.
Со изведба на ремек-делото „Боеми“ од Џакомо Пучини, вечерва од 20 часот, во Националната опера и балет започнува одбележувањето на 100-годишнината од смртта на Џакомо Пучини. Изведбата е дел од проектот „Месец на Пучини“ во кој ќе бидат изведени и други негови дела.
Денеска во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија ќе се одржи комеморацијата за Оливера Николова.
Вечерва во чест на 80-годишнината од формирањето на НУ Народен театар Битола, Македонскиот народен театар ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.
Денеска во Младинскиот културен центар во Скопје на авторот Никола Пијанманов ќе биде отворена изложбата „Вечнеење“ во салите Империјал 1 и 2.
„Моцартовите перипетии“ е насловен концертот на Македонска филхармонија кој ќе се одржи денеска со почеток во 20 часот. На програмата се дела од Моцарт и Чајковски, а како солист и диригент ќе настапи Сергеј Малов од Русија.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска во рамките на агендата за посета на институциите од областа на културата, ќе оствари работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, која е единствена национална институција за заштита на аудиовизуелното културно наследство.
На Годишните конкурси, кои завршија вчера, пристигнаа околу 2 илјади и 900 пријави кои ќе бидат оценувани од комисиите што годинава се формирани во согласност со препораките од Државниот завод за ревизија.