По успешното претставување пред битолската публика, изложбата „Кимоно Инспирации“ на реномираниот костимограф и режисер, Благој Мицевски, доаѓа во Музеј на Град Скопје.
-
Култура 09.05.2024 15:25
-
Култура 09.05.2024 12:29
Отворање на 52-те Мајски оперски вечери со премиера на „Трубадур“
Со премиера на операта во четири чина „Трубадур“ на Џузепе Верди, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 52-те Мајски оперски вечери. До крајот на месецот фестивалот ќе понуди програма во која покрај оперски дела ќе има и една балетска претстава.
-
Култура 09.05.2024 09:58
Изложба на Камуран Горанци - „Код 4“ денеска во Чифте амам
Во Чифте амам денеска ќе се отвори изложбата „Код 4“ на Камуран Горанци од Косово. Ќе бидат изложени 22 дела изработени во техниката акрилик на платно кои се работени во периодот од 2020 до 2024.
-
Култура 06.05.2024 14:17
„Цртички на животот“- изложба на фотографии на Имре Сабо
Во Галерија Рудиќ, Бул. АСНОМ 74, понеделник, 13 мај, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложба на фотографии на Имре Сабо, насловена „Цртички на животот“.
-
Култура 05.05.2024 09:04
„Диво Месо“ од Горан Стефановски во Тирана
Текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, беше напишан и изведен далечната 1979 год. За својата драма „Диво Месо, Горан Стефановски ќе каже: Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината.
-
Култура 02.05.2024 15:35
Костадиновска-Стојчевска: Одговорни сме во заштитата на Охридскиот Регион
На иницијатива на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска се одржа седница на Националната комисија на УНЕСКО, на која беше разгледана актуелната состојба со изградба на хотелски комплекс на туристичкиот локалитет „Горица“.
-
Култура 01.05.2024 19:13
Во мај во Кинотека филмови на Столе Попов
На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот, сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена кинотечна награда „Златен објектив“.
-
Култура 30.04.2024 13:54
Костадиновска-Стојчевска: Џезот е дел од македонската музичка традиција, џезерите се наша гордост
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на џезот, со почит и благодарност кон основоположниците на овој жанр, на сегашната генерација џезери и на сите љубители на џез-музиката.
-
Култура 30.04.2024 08:52
„Лавина“ од Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска вечерва премиерно во Турскиот Театар
Претставата „Лавина“ од авторот Тунџер Џуџенолу, во режија на Наташа Поплавска ќе биде премиерно изведена вечерва во 20 часот на сцената на Театар Комедија. Сценографија и костимографија се на Поплавска, изборот на музиката – на Ристо Вртев, а кореографијата – Ирена Лозинска.
-
Култура 29.04.2024 14:08
Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.









