Македонската оперска ѕвезда Ана Дурловски со петминутни овации беше поздравена од публиката на новогодишниот концерт на минхенскиот радиски оркестар.
Во престижната концертна сала „Херкулесал“ во Минхен таа изведе познати оперски арии под диригентската палка на Иван Репушиќ.





