На споменикот на природата со уникатните геоморфолошки форми- Марковите кули му треба Планот за управување и меѓународна валоризација на неговото културно богатство за да стигне на постојаната листа на УНЕСКО, констатираа учесниците на јавната дебата за овој раритетен комплекс.
-
Култура 21.12.2018 15:48
-
Култура 20.12.2018 12:36
Балетот „Ана Каренина“ премиерно во МОБ
Голем предизвик е да се направи уметничко дело кое за драматуршка предлошка има двајца великани на руската и нa светска уметност и култура, Лав Николаевич Толстој и Петар Илич Чајковски.
-
Култура 19.12.2018 16:32
Промовирани три изданија посветени на Блаже Конески
Целокупниот опус на академик Блаже Конески опфаќа речиси 750 дела. Придонесот на Конески во втемелувањето и развојот на македонскиот литературен јазик е огромен. Тој го составил најголемиот дел од првиот македонски правопис.
-
Култура 18.12.2018 11:47
„Точно на полноќ“- новогодишен концерт на Македонската филхармонија со славното Дуо Гурфинкел
„Точно на полноќ“ е насловот на Гала- новогодишниот концерт на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи во понеделник, на 24-ти декември во 20 часот.
-
Култура 17.12.2018 12:47
Третата сезона на „Преспав“ од вечерва на МТВ
Овој уникатен медиумски проект негува длабоки врски со својата публика. Третата сезона на популарната серија „Преспав“ успешно ги прикажува македонските стереотипи, како и апсурдните состојби во кои запаѓаме и живееме.
-
Култура 13.12.2018 13:15
Вработените во културните институции очекуваат подобри услови за работа
Културата е на дното- оценка на работници од оваа област. Отворање работни места и повисоки плати, се клучните барања. Велат дека примањата се потценувачки. Се надеваат дека со коефициентите што се предложени во новиот закон ќе имаат подобри услови за работа.
-
Култура 12.12.2018 14:33
Во Драмскиот театар комеморација за Љубиша Георгиевски
За неговото име се врзуваат најславните мигови од историјата на македонскиот театар и македонската култура. Неговото автентично режисерско писмо беше голем предизвик за театарската критика и театролошката мисла.
-
Култура 11.12.2018 15:12
Колегите се простија од тивката дама на македонското актерство, Љупка Џундева
За неа, театарот беше семејство. Тим, во кој сите до еден се во функција на целината, без хирови и надменост. Таа веруваше дека не постојат големи и мали улоги, туку само големи и мали актери. Со овие зборови, колегите актери се простија од големата актерка Џундева.
-
Култура 11.12.2018 10:57
Виртуозот на виолината Вадим Репин солист со Македонската филхармонија
Македонската филхармонија, оваа среда во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов „Магична виолина“, на кој како солист ќе се претстави еден од најголемите виолинисти на денешнината, Вадим Репин од Русија.
-
Култура 10.12.2018 11:43
Комеморација за Горан Стефановски во Драмскиот театар
Драмскиот театар Скопје денеска ќе одржи комеморација за неодамна починатиот македонскиот драмски писател Горан Стефановски.








