Дел од творештвото на Роберт Дандаров во Музејот на град Скопје
Роберт Дандаров е еден од малкумината македонски уметници кои се афирмирани надвор од Македонија, а чие творештво не е презентирано на соодветен начин во сопствената земја.

Љубителите на уметноста ќе може да погледнат дел од творештвото на еден од најзначајните македонски уметници кои живеат и работат во Њујорк, Роберт Дандаров. Имајќи го предвид значењето на неговото творештво за македонската ликовна уметност, во Музејот на град Скопје ќе биде поставена изложба на дел од творештвото на овој значаен уметник.
Изложбата во галерија Белогаски ќе биде отворена во понеделник, во 12.30 часот. Роберт Дандаров е еден од малкумината македонски уметници кои се афирмирани надвор од Македонија, а чие творештво не е презентирано на соодветен начин во сопствената земја.
Од тие причини Музејот на град Скопје подготви и монографија, чиј автор е историчарот на уметност Емил Алексиев. Монографијата ќе биде промовирана на почетокот од следната година.
